Кои се 100-те најмоќни луѓе во медиумите во Србија?

Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2023
Српскиот весник Блиц состави листа за тоа кои се најмоќните луѓе во медиумите, естрадата, спортот.
Тие ги објавија 100-те најмоќни имиња. Прв е Жељко Митровиќ. Челникот на Пинк како што се наведува и натаму успева да одржи баланс меѓу забавната програма, домашните и странски серии, но и политички содржини кои ги нуди неговата телевизија. Се вели дека тој го има еден од најуспешните формати на Балканот. Неговиот проект „Задруга“, иако често е мета на критики, сепак руши рекорди со гледаност. Сега се емитува шестата сезона, а комплексот во Шимановци е еден од најголемите во Европа. И по 29 години, телевизијата има забавна програма и милионски гледачи. Неговата империја вреди повеќе од десетина милиони евра.
Втор на листата е Срѓан Миловановиќ. Тој со години беше косопственик на Kopernikus technology, вториот кабловски оператор во Србија кој во 2018 година го купи Телеком Србија. Истата година презема 100 отсто во Антена група во Србија и Црна Гора. Во сопственост сега му се и Прва телевизија, Б92, Прва ТВ Црна Гора, Радио Плеј, шест кабловски канали, како и два портала Prva.rs и B92.net.
Владимир Лучиќ е трет, а Телеком Србија лани има рекорд. Таму е од 1997 година, односно од основањето, а лани имале приход од над милијарда евра, бројот на тв корисници е 1.2 милиони, додека на фиксна линија 1.1 милиони. Имаат инсталирано над 2.000 базни станици, а оптички интернет имаат повеќе од 1.25 милиони домаќинства.
Сузана Васиљевиќ е на 4-то место. Таа скоро деценија е соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ. Иако е советник за медиуми, има поширок дијапазон на работи со кои се занимава. Во кабинетот на Вучиќ е од 2012 година, а претходно работела во кабинетот кај Воислав Коштуница. Била дел и од кабинетот на Ивиуца Дачиќ, но работела и во Србијашуми. Студирала новинарство и германистика во Берлин, а филмска и телевизиска камера во Белград.
Драган Бујошевиќ е на 5-то место. Тој е директор на Радио телевизија Србија. Од 1976 до 1989 година беше во Политиката, а потоа до 1993 година е заменик на главниот уредник. Поминал низ повеќе медиуми, но иако во 2019 година наврши 65 години, мандатот во телевизијата му е продолжен.
Целата листа можете да прочитате тука.
Можеби ќе ве интересира
БРНАБИЌ Е ПОДГОТВЕНА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Премиерката не е против избори

ГАЗДА ОД ХРВАТСКА ПЛАТИL ДЕТЕКТИВ ДА СЛЕДИ БОЛЕН РАБОТНИК : Судскиот спор не заврши добро за него!

ШТО ГИ НЕРВИРА НАШИТЕ СОСЕДИ? Некој бурек, некој Србин, а Македонија - Бугарија
Ескобар: Тензиите на северот на Косово делумно се резултат на неподготвеноста на Приштина да ја слуша меѓународната заедница

ЕВЕ КОЛКАВА Е ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ЦРНА ГОРА: Повисока е од нашата

И ГЛИГОРОВА СЕ ОГЛАСИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Психолозите, педагозите, социолозите и психијатрите, потфрлуваат кога се работи за т.н гранични пореметувања на личност

ТРГНАЛЕ ПО БАНАНИ,НАШЛЕ КОКАИН:15 милиони евра дрога,сокриена во магацин

„АКО ИМА ДНО, ГО ДОПРЕВМЕ ТОЈ ДЕН“ - Масовен протест во Белград, граѓаните скандираат „Вучиќ, оди си“

САКАМЕ ОВА ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ И ДА ГО ПОЧНЕМЕ ЖИВОТОТ КАКО НОВИ РОДИТЕЛИ - Хрватите се вратија од Замбија, бараат мир за себе и за децата
