25 Ноември, 2024
0.0323

КОИ СЕ ФАВОРИТИТЕ НА ЛИДЕРОТ ЗАЕВ - водат мали општини, но испливаа пред „капиталците“

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Уште непочнати партиските процедури за избор на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што ќе се одржат наесен, премиерот и лидер на владејачката СДСМ реши на јавна сцена да им даде лична поддршка на неколку актуелни градски татковци, кои, како што рече, им служеле добро на граѓаните. Тој не се воздржа прецизно да ги наброи општините чии први луѓе заслужиле да се натпреваруваат за уште еден мандат, иако објасни дека сепак, конечната одлука ќе ја донесат органите на партијата.

Еве кои се градоначалниците кои во изминативе три и пол години ја заработиле довербата и задоволството од својот партиски лидер.

„Јас како претседател на СДСМ лично ќе застанам зад неколку кандидати, што секако не мора да значи дека ќе биде конечна одлука, бидејќи ние имаме јасни статутарнии определби како тоа се прави. Но, сум исклучително задоволен од градоначалникот на Валандово, на Дојран, на Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, новиот градоначалник на Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово Ростуше, и сигурно има и други општини. Ова го кажувам за да испратам порака да продолжат добро да работат, но и оние што не ги споменав, да си ги завршат своите работи и програмски ветувања. Постапките на селекција на кандидатите ќе почнат во СДСМ некаде во мај-јуни, и конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата. И на крајот одлуката секако е на неговата светот, нашиот народ“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

ГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ ИЗОСТАНАА

Она што повеќемина го забележаа во овој настап на премиерот, е дека не беа споменати ниту една од големите општини, туку напротив, градските татковци на помалите локални самоуправи. Зошто не му се допаднал досегашниот учинок на првите луѓе на пример на Прилеп, Битола, Куманово, Охрид, Струмица, премиерот не кажа, само им порача да засукаат ракави и да ги исполнат програмските ветувања кон граѓаните.

Фактор ги претставува десетината градоначалници чие работење му се допаднало на првиот човек на партијата, а чие мислење, секако, ќе биде многу важно при изборот на кандидатите на СДСМ на локалните избори.

Првото место го заслужи младиот Перо Костадинов, кој раководи со Валандово.

Неговата биографија вели дека е роден во 1987 година токму во градот чии градоначалник сега е. Основно обрзование завршил во ООУ„Страшо Пинџур“ во Јосифово, средно образование во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово, а завршил економски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. По дипломирањето, работел во АД ИГМ Еленица Струмица (на семејството на премиерот Заев –н.з.) и Еко оранжерии Валандово, како менаџер за продажба. Во период од 2015 до 2017 е советник во Советот на Општина Валандово. Она што го нема во биографијата е дека беше активен во граѓанскиот сектор, кому му остана верен и откако ја доби градоначалничката позиција.

На веб страната на неговата општина педантно се набележани проектите кои досега ги реализирала општината под неговата менаџерска палка. Меѓу нив, ново повеќенаменско игралиште во Калково, реконструкција на Булевар Првомајска Валандово, ново LED осветлување на булеварот, реконструкција на детската градинка Калинка во енергетски ефикасен објект, нова детска градинка во Брајковци, ново основно училиште во Казандол, реконструиран регионален пат во Бојмински регион, туристичко уредување на патишта, реконструкција на четири улици во Валандово, асфалтирани улици во населени места, реконструирана полициска станица во градот, како и бројни други проекти. Детално е опишана и реализацијата и тајминзите на самите проект, на пример првиот, за кој дел од средствата биле обезбедени од општинскиот буџет, а поголемиот дел од страна на Владата. Градежните активности почнале во 2018, а целосната изградба завршила на почетокот на 2019 година.

Целосно новиот систем за осветлување на градскиот булевар Првомајска во Валандово, пак, во себе опфаќа, поставување на 14 нови челични столбови, нова кабелска инсталација, како и целосно заменување на старите натриумови со 42 нови штедливи ЛЕД сијалици, со што значително ќе се придонесе во подобрувањето на прегледноста на возачите во најфрекфрентниот дел од градот и зголемувањето на безбедноста на сообраќајните учесници.Проектот е реализиран во 2019 година.

И друг млад градоначалник успеа да ја освои довербата од партискиот лидер. Општината Дојран ја предводи гевгеличанецот Анго Ангов. 

Тој е роден во 1984 година, дипломиран економист. Во биографијата му стои дека од 2008 година работи во ревизорско друштво Трио Консалтинг, се до 2013кога основа сопствена фирма за сметководство и ревизија „Ангов – консалтинг“.Течно зборува англиски и француски јазик.Оженет е и е татко на две деца.

Од проектите се издвојува Дојран - Туристички бисер на Југоисточна Македонија. Општина Дојран доби подгрант средства од Европската унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската унија, и има намера дел од добиените средства од овој подгрант да ги искористи за плаќања по договор за изведба на градежни работи за реконструкција на летна сцена и партер, пристапна улица и рекреативна зона во Општина Дојран. Ова е еден од проектите кои се наведени на веб страницата на општината. Процесот на понудување ќе се спроведе согласно методот Национално  јавно наддавање и е отворен за сите прифатливи. Исто така, продолжуваат градежните активности за изградба на канализационен крак на улиците Вељко Влаховиќ и Никола Карев, потоа, се наведува акција за чистење и разубавување на централното градско подрачје во Стар Дојран, како и бројни други проекти под палката на овој градоначалник.

Уште еден роден гевгеличанец се покажал како добар градоначалник, а тоа е Блаже Шапов, првиот човек на општина Богданци.

Роден е во 1977 година, во Гевгелија, но живее во Богданци. Оженет, татко на две малолетни деца. Основно образование завршил во Богданци, средното во Скопје, каде што и дипломира на Факултетот за физичка култура во 2005 година, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Пред изборот за Градоначалник на општина Богданци работел како професор по физичко воспитување во СОУ „Богданци“. Зборува англиски јазик. Член бил на Советот на општина Богданци во периодот од 2009 до 2013 година и Претседател на Советот на општина Богданци во периодот од 2013 до 2017 година. Бил истакнат спортски работник, и поранешен тренер на ФК „Вардарски“ Богданци.

Последна мерка се субвенциите од општината за годинава за социјалната заштита, во облик на субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени на социјални ризици.Вкупниот  износ на субвенцијата  ќе изнесува 300 денари месечно за секој корисник, за покривање на трошоците  за потрошена вода за пиење.

Општина Богданци во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата почна и едукативна кампања за безбедноста во сообраќајот, а со цел за почиста животна средина, во соработка со ЈП „Комунална чистота“ Богданци, продолжува и со мерките за организирано фрлање на создадениот отпад и контрола на создавање на диви депонии.

Премиерот Заев го пофали и градскиот татко на општина Демир Капија. Станува збор за Лазар Петров. 

Сепак, неговата биографија не можеме да ја споделиме со читтелит, бидејќи таа не може да се најде на веб страницата на општината. Од фејсбук профилот на општината моше да се види дека општината е активна, на пример, „во просториите на Општина Демир Капија со придржување на мерките за заштита во тек е прибирањето на мострите за натпреварите во најдобро домашно вино и ракија посветено на Недела на традицијата Свети Трифун 2021година. Прибирањето на мострите на вино и ракија траело до вчера,а оценувањето ќе го изврши стручна Комисија составена од Енолози.За најдобрите производители на домашно вино и ракија ќе следуваат награди и признанија кои на натпреварувачите ќе им бидат доделени на 14 февруари по повод празникот Свети Трифун“.

Општината распишала и јавен оглас за пријавуавње за обука за стручно образование за негуватели за стари лица. Исто така, општината потпишала и договор со Министерството за труд и социјална политика и Здружението Хуманост, за проект за подобрување на социјалните услуги.Грантот е во висина од 5.101 000 денари, обезбедени од страна на МТСП, од кои 493.000 денари се за социјалната услуга помош и нега во домот во времетраење од пет месеци, за да се опреми центарот за помош и нега во домот (простор обезбеден од општината), да се обучат и сертифицираат 10 негуватели/ки и​ ​еден координатор на услугата и да се набави потребната опрема за работа на негувателите/ките.​ Додека сумата од ​ 4.608.000 денари е наменета за испорака на услугата во времетраење од 12 месеци,​ за вкупно 20 лица​ на територија на Демир Капија.

Убави зборови партискиот лидер имаше и за првиот човек на општина Конче. Благој Илиев е роден во 1985 година во Радовиш. 

Средното образование го завршил 2004 година во ДСЕПУ ,,Васил Антевски – Дрен’’ во Скопје. Студирал на Правниот факултет – „Јустинијан Први“ на УКИМ, па во 2009 година се стекнал со звање дипломиран правник. Активно зборува англиски јазик.Во периодот од 2010-2017 година Благој Илиев е управител во ДАБАС ДООЕЛ, со седиште во с.Дедино-приватна компанија со дејност во меѓународен и внатрешен транспорт на стоки. Обожава спорт, фолклор. Тој е оженет, татко на две малолетни деца, се вели во биографијата.

За проекти на веб страната стои дека е направена нова фекална канализација за дел од село Конче. „Од средствата кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип а се пренаменети во инфраструктурни проекти, за овој проект се одобрени 295.000 евра. Овој проект опфака канализациски крак во должина од 3.150 метри со кој ќе се реши долгодошниот проблем со фекалните канализации во с.Конче и ќе бидат опфатени сите домаќинства кои до сега немале можности да се приклучат на канализациската мрежа. Овој проект беше една од приоритетните проекти во нашата програма и сме горди што ќе ја реализираме во тековната година.

Градоначалникот кој има навистина добро уредена веб страница на неговата општина работи и на проект за партерско уредување на локации. „Соработката со неодамна збратимената општина Бујуккариштиран од Р.Турција продолжува, по донацијата од околу 200 столови за културниот дом на о.Конче овој пат општина Бујуккариштиран заедно со Здружението за култура и образование Академија на Румели донираше бекатонски плочки во количина од околу 600м2. Со донацијата од бекатонските плочки се планирани уредување на две локации... Завршување на овој проект се очекува да биде околу крајот на април“, навеле од општината. Таа ја подобрила и понудата за активен рурален туризам.

А градоначалникот на Кочани е поискусен човек. Николчо Илијев е роден во Кочани, 1958 година. 

Тој е економист и повеќе од две децении е приватен стопанственик. Најголемиот дел од своето работно искуство го поминал работејќи на струката, како раководител на неколку претпријатија и директор на „Винка“ Виница. Зборува германски јазик. Оженет е и татко на две полнолетни деца.

„Изготвени се идејното решение и проектот за инфраструктура за пешачки мост на Кочанска Река, врз основа на кои избраниот изведувач „Еуро роад дизајн груп“ од Скопје  ќе работи на подготовка на основен проект.Мостот ќе има современ дизајн, челична конструкција со футуристичка линија, ќе биде поплочен со гранитни плочки. Тој ќе биде врска помеѓу Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ и  источниот влез на Трговскиот центар. Ќе биде со широчина од 4 м и должина околу 21 м, со две проширувања во форма на лак и дополнителни елементи за осветлување“, е еден од проектите.

Натаму, следуваат градежните работи за реконструкција на 170 метри од тротоарот од десната страна на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани. Потоа, од почетокот на оваа година завршена е реконструкцијата на тротоарот на улицата „Тодосија Паунов“ од  Градскиот парк до Кружниот тек, пешачка површина на која имаше тешка проодност.За 2021 година Општина Кочани има потпишано договор со изведувачот за изградба и реконструкција на тротоари со вкупна површина од 3.500 метри квадратни. Вкупната сума што ќе биде наменета за овие градежни зафати е 2,5 милиони денари.Почнале и работите за изградба на три од засега петте предвидени кружни текови на булеварот „Тодосија Паунов“.

Пофален беше и новиот градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за неговите два месеци мандат. 

Роден е во 1980, во Штип и е доктор по медицински науки. Специјализацијата по интерна медицина ја запишува во 2008 година, во 2009 се вработува во приватната кардиохируршка институција “Филип Втори”.Во 2012 година завршува со својата специјализација и продолжува да работи како спец. интернист- кардиолог во болницата “Филип Втори”...Во јуни, 2020 година Д-р Сашко Николов е избран за пратеник и станува дел од парламентарниот состав во собранието на Р.С. Македонија.

Еден од проектите се агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина. Со овие агрометеоролошки станици им се обезбедуваат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и за планирање на сите агротехнички мерки кои треба да ги преземат во одреден период од годината. Во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Штип аплицираше со проект за Реконструкција на крстосницата помеѓу локалните улици „Сремски фронт“ и „Борис Крајгер“ во Oпштина Штип.

Томе Христоски е градоначалник на општина Крушево. Роден е во 1982 година во Крушево. Основно образование завршува во ОУ „Никола Карев“ Крушево, а потоа се здобива со средно полициско образование во ЦОКОБ, Елисие Поповски Марко во Скопје. Во 2001 година се вработува како полицаец во Полициската станица во Крушево. Дипломира во 2008 година, а 7 години подоцна магистрира на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и се здобива со звање Магистер по менаџмент на човечки ресурси.

Од проекти се наведуваат проектот за опремување на мултифункционална сала, набавка на гасеничар кој ќе биде поставен во горната училишна зграда, кко и бројни други проекти. 

Пофалба доби и Маврово Ростуше. Градоначалникот Медат Куртовски е роден 1979 година во с. Скудриње. Своето основно образование го завршил во родното село во ОУ. Блаже Конески. Средно образование завршил во ЦСНО Здравко Чочковски во Дебар. Дипломирал Англиски Јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот ‘’ Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје. После завршување на факултетот работел како Професор по Англиски јазик во повеќе Основни Училишта. Оженет и татко на две деца. Има, но и во план му се бројни проекти.

Поддршката од премиерот ќе ја добие и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Нејзината чија општина нема богата веб страница, па не можевме да ги исцрпиме ни потребните податоци. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите