18 Мај, 2024
0.0656

Кои се „најскапите“ договори кои ги планира најбогатата државна компанија во 2019-та

Објавено во: Економија 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Најбогатото државно претпријатие на Македонија, АД ЕЛЕМ, за 2019-та планира 345 јавни набавки, а склучување на договори за помошна механизација и за главен ископ се најдоа на програмата и за оваа година. Оваа компанија во 2017-та беше рекордер од сите други органи, институции, претпријатија, дирекции и јавни агенции според сумата на склучени договори во 2017-та, а таа изнесуваше 4,75 милијарди денари и беше убедливо најголемиот потрошувач. Оваа година, од „мултимилионските“ набавки што може да се издвојат предвидено е ангажирање на помошна механизација, како што вообичаено се работеше во последната деценија, но и купување на сопствени машини како што најави раководството.

Во договор кој се очекува да се склучи во јули, компанијата ќе издвои 7 милиони евра, односно 416 милиони денари само за ангажирање на помошна механизација за потребите на рудниците во Суводол. Во последните десетина години за ангажирање помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола, подружницата на АД ЕЛЕМ, има платено повеќе од 90 милиони евра. Операторот пак на главниот ископ на јаглен и јаловина во рудникот во Брод Гнеотино ќе биде познат во мај, а се очекува „зделката“ да чини 1,1 милијарда денари, односно околу 18,5 милиони евра. Компанијата во Брод-Гнеотино нема своја механизација и со години им плаќа на надворешни фирми за тие да вршат ископ на главните количини јаглен кои се копаат токму таму.

Во програмата на Електрани на Македонија е предвидено и купување на машини за рударска експлоатација од 1,35 милијарда денари што е и најголемата набавка во планот, а набавувачот би требало да биде познат во јуни. Исто така се планира и купување на сопствена помошна механизација од околу 20 милиони евра за рудникот Суводол.

За одржување и поправки, односно за ремонтни активности на термоелектраната се предвидени 460 милиони денари, а договорите со операторите се очекува да бидат склучени во јуни.

За своето работење ќе купува мазут од 473 милиони денари, односно ќе се дадат безмалку 8 милиони евра за овој енергенс, а природен гас ќе се купува за 460 милиони денари, односно за нешто повеќе од 7,5 милиони евра. Бензин и дизел ќе се купува за 93,5 милиони денари за сопствените бензински пумпи на АД ЕЛЕМ.

Милион евра се предвидени за физибилити студија за деценискиот проект ХЕЦ Чебрен, за кој вицепремиерот Кочо Анѓушев најави повторно заживување, а ќе има и оглас за изградба на пристапен пат до таму за седум милиони евра.

За телекомуникациско опремување и вмрежување се предвидени 10,5 милиони евра, а понудата ќе се одбере околу средината на годината.Околу 1,5 милиони евра се предвидени за автобуси и 2,5 милиони евра за реконструкција на интерен пат.

Милиони евра се предвидени за реконструкции и за замена на делови, како и санација на Блок 2 од РЕК Битола, а за рударско-електричниот комбинат ќе се бара оператор кој би проектирал и изградил нова управна зграда за 313 милиони денари.

Не е познато, односно во планот нема детали за тоа на колку години, односно до кога ќе бидат роковите за извршување на договореното.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа