18 Мај, 2024
0.0294

Кои се наследници на империјата на Данчо Шутурков – македонскиот тутунски крал?

Објавено во: Економија 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Приходите на четирите најголеми компании за производство на тутунски производи во земјава лани надминале 120 милиони евра. Од друштвата кои производуваат тутунски производи (и во најголема мерка откупуваат тутун од кооперанти н.з.) само една е домашна – државна компанија, а другите се странски компании кои аквизирале домашни тутунски комбинати. Генерално оваа дејност бележи благ раст лани во однос на 2018 година.

Тутунот е еден од двата најконвертибилните македонски производи заедно со афионот. Еден од главните темели на македонската економија е токму тутунот – високо трудоинтензивна дејност која со децении наназад обезбедува висок девизен прилив на нашата национална економија и значаен економски ангажман на нашето население особено од рурални области на целата земја.

Фактот кој само по себе го отсликува значењето на тутунот за нашата економија е тоа што тутуновиот лист го има на државниот грб на нашата земја. Тутуновиот лист на грбот го отсликува нашиот ароматичен ситнолистен тутунски вид „Прилеп“ уникатна автохтона (произведена од домашни научници – агрономи) сорта која се користи како „флејвор“ т.е. ароматски додаток за вкусот на цигарите кои се пушат ширум светот.

 Поминаа повеќе од дваесетина години откако нашиот свет го напушти Данко Шутурков, неприкосновениот крал на производството на тутун во Македонија во тогашната „Македонијатабак“ единствената компанија за извоз на „македонското злато“ – тутунот.

По периодот на транзиција и промената на економскиот систем од плански во пазарен во нашата економија настанаа значајни промени особено во тутунската индустрија. Сега има само една државна компанија за производство на тутунски производи, има три големи странски тутунски компании кои аквизираа домашни друштва и уште една странска компанија која влезе на гринфилд принцип и уште две домашно поседувани компании.

Најпрофитабилна компанија за производство на тутунски производи лани била Империјал тобако Скопје (Тутунски комбинат Скопје) компанија поседувана од светскиот тутунски гигант Империјал Тобако. Неговиот профит лани изнесува 4,3 милиони евра и е за 55 отсто поголем од 2018 година. Приходите на оваа компанија изнесуваат 38,9 милиони евра и се за 15 отсто повисоки од 2018 година.

 Најголема производна тутунска компанија според остварените приходи лани била кавадаречката аквизиција на американската корпорација Aliance One ( Pyxus Internacional преименувана во 2018 г. н.з.) Алајанс Уан Македонија. Оваа кавадаречка компанија која американската корпорација ја поседува прекув холандското друштво Интабекс лани остварила приходи од 45,9 милиони евра што е за 8 отсто послаб резултат од 2018 година. Добивката на друштвото

Државниот Тутунски комбинат Прилеп лани оствари приход од 17,9 милиони евра што е за 6 отсто подобар резултат од 2018 година. Неговата добивка изнесува 638.000 евра што е неверојатно добар реултат по серијата работење во загуба.

Друга прилепска тутунска производна компанија е грчката кооперација на тутунопроизводители СЕКЕ . Има ист приход како државниот Тутунски комбинат Прилеп – 17,9 милиони евра. Добивката изнесува 443.000 евра и е за педесет пати поголема од 2018 година.

За жал уште нема достапни податоци за лани за големата битолска компанија Сокотаб која е во сопственост на интернационалниот гигант Сокотаб Франа.

Во достапниот регистар на ЦРМ има уште две компании регистрирани за производство на тутунски производи. Една од Скопје и една од Делево. Скопската се вика Пашоски тутунски дилер и е во сопственост на Владко Пашоски. Лани ова друштво остварило приход од 2,6 милиони евра што е пад за 30 отсто во однос на претходната година и добивка од само 7.000 евра. Делчевската компанија се вика Далија Табак и е сопственост на две лица: Томчо Ѓеоргиев и Илчо Ѓоргиев. Приходот лани бил 1,6 милиони евра, а добивката 97.000 евра што е за 48 отсто послаб резултат од претходната година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа