Кои се првите осoмничени за пожарот во Нотр Дам
Објавено во: Свет 18 Април, 2019
Минатата година го добил тендерот од 5 милиони евра за реконструкција на Нотр Дам, а денес е прв осомничен за избувнувањето на големиот пожар, кој уништи голем дел од катедралата.
Жулијен Ле Бра е сопственик на мала занаетчиска компанија која работела на реконструкција на црквата и е првиот осомничен за избувнувањето на пожарот.
Во истражувањето на случајот за оваа трагедија работат 50 истражители, а до сега само е утврдено дека пожарот започнал во покривна празнина на врвот на кулата, којашто кула се урна во пожарот. Во тој дел од Катедралата работниците користеле електричен алат. Истите алати за работа ги оставиле околу 17:00 и 17:30 часот, а само час подоцна избувнал пожарот во црквата.
„Повеќе од кој било сакаме да се расветли оваа драма“, изјавил Ле Бра на новинарите.