КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка
Објавено во: Економија 17 Април, 2024 12:22
Имаат ли причина за задоволство акционерите на скопската фабрика за чоколади „Европа“. Стигна одлуката на раководството што тие ја очекуваа и за која ќе треба да се гласа на Собранието на акционери кое ќе се одржи на 15 мај оваа година, а тоа е како ќе се распредели добивката остварена во минатата година.
Во предлог одлуките за Собранието на акционери секако дека најинтересна е онаа за тоа колкава дивиденда може да се очекува од ланската добивка, а од компанијата за тоа многу прецизно ја информираат инвеститорската јавност.
Па така, од компанијата одлучиле како ќе се распредели нето добивката во износ од нешто над 544 илјади евра остварена во 2023 година. Притоа, со прости зборови кажано, околу една третина ќе оди за дивиденди, а преостанатиот поголем дел ќе остане во форма на нераспределена добивка, дел кој обично фирмите го зачувуваат за да ја гарантира нивната стабилност и за наредниот период.
Па така, од вкупно 544 илјади евра, се предлага во форма на дивиденди да се исплатат 187 илјади евра, додека, пак, како нераспределена добивка ќе одат над 357 илјади евра.
Да видиме кој најмногу ќе се офајди од тие 187 илјади евра.
Согласно последната состојба објавена на Централниот депозитар за хартии од вредност, најголем акционер на „Европа“ е шпедитерската компанија „Фершпед“, која поседува 21,77 отсто од акциите на „Европа“.
Согласно својот процент на акции, „Фершпед“ треба да добие околу 41 илјади евра во форма на дивиденда.
Уште една шпедитерска компанија, а таа е „Макошпед“, е втор по големина акционер во чоколадната фабрика, со 19,9 отсто од капиталот на ова акционерско друштво. Согласно нивниот акционерски процент, оттаму можат да очекуваат дивиденда од нешто повеќе од 37 илјади евра.
Солиден број акции во компанијата поседува и АС „Сењак“ на Селаудин Арифи, кој располага со 18,05 отсто, и кој согласно со таа своја акционерска сопственост, може да очекува дивиденда од дивиденда од околу 34 илјади евра.
Мила Левентиќ која има 8,68 отсто од акциите на база на дивиденда ќе добие мад 16 илјади евра, додека, пак, Есамедин Хасани кој поседува 6,25 отсто од акциите, во форма на дивиденда ќе заработи околу 12 илјади евра како дивиденда од „Европа“ Скопје.
Во компанијата акционери се и шест странски физички лица, кои поседуваат вкупно 18 проценти од акциите. Помали проценти имаат и домашни физички и правни лица од оваа компанија.
Сите акционери можат да се надеваат на дивиденда во бруто износ од 50 денари по акција, која ќе се исплатува во пари на нивните трансакциски сметки. Датумите за исплата на дивиденда се утврдуваат по следниот дивиденден календар. Последен ден на тргување со право на дивиденда е трети јуни, а прв ден на тргување без право на дивиденда е четврти истиот месец.
Во своите објави компанијата наведува дека дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30 септември оваа година.
Инаку, се очекува акционерите да ја одобрат работата на членовите на Одборот на директори, за секој член поединечно, а тие се Марија Каранфиловиќ – неизвршен член, претседател на Одборот на директори, која функцијата ја извршувала до 30 септември лани, Драган Наков, неизвршен член, Есамедин Хасани, неизвршен член, Наташа Милева, сегашен претседател на одбор на директори, неизвршен и независен член, Марика Караџова, извршен член и генерална директорка, како и Селаудин Арифи, неизвршен член.
А, токму директорката Марика Караџова заминува во пензија на 15 мај и затоа Собранието треба да ја констатира нејзината оставка, а на нејзино место ќе се избере нов раководен кадар, кој засега не е познат.
На неизвршните членови на одбор на директори ќе им се исплаќа месечен надомест во нето износ од 30.000 денари по член.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




