09 Јуни, 2023
0.0244

Кој е херојот кој го спаси детето во Црна Гора?

Објавено во: Балкан 20 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во Црна Гора денеска баба се фрли во реката Морача со своето внуче, при што работници и еден пратеник кој бил во близина го спасија детето. 

Аднан Дибрани, шведски пратеник е херојот кој го спаси детето откако работници го извадија од реката. Тој беше дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа што го следеше денот на изборите во Црна Гора. Храбрите работници на Зеленила, Алдин Ибрахимовиќ, Алмир Мујак и Демај Шпејтим го извлекоа детето од Морача, а пратеникот го вратил во живот, детето кое било онесвестено.   Аднан ја исцеди водата од белите дробови на бебето. Во интервју за Побједа вели дека не верувал дека ќе успее.

„Го минував мостот и погледнав кон водата кога видов дека во реката пливаат жена и дете. Некои други момци дојдоа, слегоа до реката и го извлекоа бебето од водата, додека други повикаа брза помош. Истрчав кон нив и видов дека го држат бебето кое не дава знаци на живот. Бидејќи имам мало дете дома, знаев што да правам во вакви ситуации“, изјави Аднан за Побједа.

Се плашел дека е доцна, но не се откажал.

„Го стиснав бебето преку стомакот и грбот, ја исцедив водата од неговите бели дробови. Кога го слушнав неговиот плач, бидејќи подоцна дознав дека е машко, се упатив кон итната медицинска помош и им го предадов бебето“, изјави Аднан.

Тој е татко на три деца. За трагедијата која ја потресе Црна Гора, првичните сознанија се дека се работи за самоубиство. 

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи: Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата

Вјоса Османи: Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата

Дали Курти ќе прифати Заедница на српски општини?

Дали Курти ќе прифати Заедница на српски општини?

Момчиња истепале дете од Кина во српско училиште, тоа донело нож

Момчиња истепале дете од Кина во српско училиште, тоа донело нож

Косово да им попушти на Србите или ќе трпи последици

Косово да им попушти на Србите или ќе трпи последици

НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ НАДЕЖ ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве што велат блаканските метеоролози

НА КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ НАДЕЖ ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве што велат блаканските метеоролози

ОТКРИЕНО Е ЗОШТО КОСТА К. ГАЃАЛ ЗАЧУДУВАЧКИ ПРЕЦИЗНО - користел специјално направен пиштол, еве која е додатната опрема

ОТКРИЕНО Е ЗОШТО КОСТА К. ГАЃАЛ ЗАЧУДУВАЧКИ ПРЕЦИЗНО - користел специјално направен пиштол, еве која е додатната опрема

ОД БАЈОНЕТ ДО АМЕРИКАНСКИ „ГЕТЛИНГ“:Србите враќаат ретко оружје во акцијата за разоружување

ОД БАЈОНЕТ ДО АМЕРИКАНСКИ „ГЕТЛИНГ“:Србите враќаат ретко оружје во акцијата за разоружување

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

Во пукање во Сомбор има ранети

Во пукање во Сомбор има ранети