Кој е лидерот што може да го искомплицира влезот на Македонија во НАТО
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019
Харизматичниот лидер на Унидас Подемос, Пабло Иглезијас, честопати има јавно изјавено дека НАТО е имеријалистичка творба која го загрозува шпанскиот суверенитет и поради тоа треба да се стави крај на неговото ширење ширум Европа.
Следствено на ова, не треба да нѐ изненади ако помеѓу коалиционите партнери во идната влада на Шпанија дојде до несогласување околу тоа дали НАТО треба да се прошири во Македонија.