25 Ноември, 2024
0.0264

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Роберт Френсис Кенеди Помладиот е најновиот истакнат член од династијата на Кенедиеви, барем од тие кои останаа живи и кои се уште се дел од врвот на американската политика. РФК Помладиот е син на Роберт Кенеди, поранешниот главен јавен обвинител на САД и внук на Џон Кенеди, поранешниот американски претседател, кои инаку и двајцата беа убиени во атентати.

Таткото на РФК Помладиот беше убиен откако најави дека ќе се трка за Белата куќа, а потоа и неговиот преживеан чичко кој имаше политички амбиции преживеа сообраќајна несреќа, но не и пропратните скандали, па реши да се откаже од претседателската трка, и остана долгогодишен сенатор.

Сега РФК Помладиот е еден од главните џокери на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и во неговата влада ќе ја врши функцијата на секретар за здравство. Претходно и самиот се кандираше за претседател на САД, најпрво се обиде преку Демократската партија, но неговите сопартијци решија да не ја оспорат кандидатурата на Џо Бајден, за потоа тој да реши да истрча како независен кандидат.

РФК Помладиот потоа не сакаше да се трка против Камала Харис бидејќи и онака беше затворена можноста за внатреши партиски избори, и речиси до самиот крај се профилираше како трета опција. Главната спојка меѓу него и Трамп се смета дека е популарниот поткастер Џо Роган.

РФК често гостуваше кај Роган, особено во екот на пандемијата со Ковид-19 каде ги презентираше неговите сомнежи околу ефикасноста на вакцините создадени во рекордно брзо време од фармацевстките гиганти. Таквите ставови му ја навлекоа етикетата „антиваксер“ и дека често споделува идеи кои се поддржани од теориите на заговор кои се шират на интернет.

Сепак, неговите алтернативни ставови за прекумерната употреба на пестициди, хербициди и хемикалии во исхраната му донесоа голема популарност. Под мандатот на претседателот Трамп ќе има задача да изврши ревизија на работата на департманите за здравство, а особен таргет ќе биде критикуваната Комисија за заразни болести од каде произлегуваа сите ограничувања и мерки во текот на карантините.

РФК претходно беше истакнат адвокат и поборник за зачувување на животната средина и има водени големи правни случаи против корпорации со масовно загадување и последици врз здравјето на луѓето и природата.

Трамп во досегашните јавни настапи му порача на РФК да „прави што сака“ со здравството, но да не го „чепка црното злато“, мислејќи на нафтата и фосилните горива кои се главен адут во новата енергетска доктрина на избраниот претседател.

Иако прогресивните сили засега се згрозени од изборот на РФК за министер за здравство, тој првично порача дека нема да забранува никакви вакцини, но дека ќе се фокусира на намалување на прекумерната дебелина, прекумерното препишување лекарства и опиодни терапии и дека ќе промовира здрава исхрана и физичка активност меѓу Американците, кои се меѓу најнездравите нации од развиениот западен свет. 

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?

НУКЛЕАРНА МАПА НА СВЕТОТ: Koи држави поседуваат вакво оружје?