Kој го уби лидерот на Исламска држава?
Објавено во: Свет 26 Август, 2018
Абу Сад Ерхаби, лидерот на Исламската држава е убиен во Авганистан при напад врз џихадистичкото засолниште во провинцијата Нангархар.
Веста ја објавија денеска авганистанските власти.
Во соопштението стои дека уште десет други џихадисти се убиени во пешадиските и воздушните напади на авганистанските и странските сили.
Големи количества тешко и лесно оружје и муниција се уништени за време на рацијата во две засолништа на Исламската држава.
Гувернерот на провинцијата изјави дека Ерхаби е четвртиот лидер на Исламската држава, кој е убиен во Авганистан од јули лани.
Засолништето во Нангархар се наоѓа на источната граница на Авганистан со Пакистан и тука се сместени најекстремните членови на групата.
Групата е активна од 2015 година и се бори против Талибанци, Авганистанци и американските сили.
Според проценката на американската војска во Авганистан се борат околу 2.000 борци на Исламската држава.