Кој ја осиромашува американската економија?
Објавено во: Економија 06 Април, 2018
Заканите на американскиот претседател, Доналд Трамп дека ќе воведе повисоки даноци за клучните сојузници на САД ги збунија економистите.
САД имаат масивен дефицит во трговската размена од 461 милијарди евра, што за Трамп е причина за паника поради количеството на кеш кој истекува надвор од земјата за увоз на странски производи. Верува дека дефицитот на земјата е знак дека странските партнери ги „цедат“ САД, скратуваат работни места за обични работници и го попречуваат нивниот економски потенцијал.
Кинеските мерки во секторите на аеронаутиката и автомобилите го погодуваат срцето на американската економија, каде се погласна е осудата на растот на тензиите кои влијаат на американските потрошувачи и компании.
Како одговор на привремениот список од кинески производи подложни на нови царини кои ги објавила американската влада, Пекинг направил своја листа од американски производи во идентична вредност од 50 милијарди долари.
Кина овој пат целела во клучните сектори или производи, кои сочинуваат најголем дел од 130,4 милијарди долари вредниот извоз во Кина, а посебно сојата, автомобилите и аеронаутичките производи.