18 Мај, 2024
0.0302

Кој ќе го лапа главниот конкурент на струмички „Глобал“?

Објавено во: Економија 20 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Двајца струмичани најавија дека ќе дадат јавна понуда за превземање на „Нова стоковна куќа“ компанија што издава деловен простор во Струмица. Ќе дојде ли и друга намера за превземање за компанијата чија акција се тргува на пазар по цена од 1.000 евра

Струмичаните Ристо Масев и Васил Георгиев, акционери во струмичка „Нова стоковна куќа“ најавија дека имаат намера да дадат јавна понуда за сите акции на оваа компанија, објавено е на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Со овој потег овие две физички лица од Струмица влегоа во македонската корпоративна историја како домашни физички лица кои, се први  годинава, кои најавиле дека планираат да ги исплатат сите други акционери во таа струмиќка компанија која е специјализирана за издавање деловен простор.

Засега не се знае колку пари ќе депонираат во ЦДХВ затоа што не знаеме која ќе биде цената по која ќе се обидат да ги откупат сите слободни акции. Масец и Георгиев имаат по 12,5 отсто од акциите со право на глас во оваа струмичка компанија која издава деловен простор. Како ќе реагираат другите крупни акционери ќе видиме. Тука се двете домашни компании, ЕЛ –ЕН Солушнс Скопје – најголем поединечен акционер кој има 24,8 отсто од акциите и „Фико Пласт“ кој поседува 12,65 отсто од акциите со право на глас. Во структурата има уште еден мал акционер Славе Перов кој поседува 5,9 отсто од акциите. Во сопствен откуп се 22,26 отсто од акциите на компанијата и тие нема да бидат предмет на превземање. Уште 9,4 отсто од акциите се кај 8 домашни физички лица.

Што е Нова стоковна куќа Струмица

Оваа срумичка компанија има вкупно 1.249 акции со право на глас од кои 22,26 отсто се стерилни зашто се во сопственост на фирмата. Оваа компанија располага со речиси 4.000 квадратни метри објект , простор што се издава како деловен и уште 1.305 квадратни метри дворно место. За првите девет месеци годинава компанијата од закуп има инкасирано 167.600 евра, а добивката за овој период е 125.200 евра.

Последната пазарна цена на акцијата постигната во септември годинава е 1.000 евра колку што изнесува и книговодствената вредност на акцијата. Главнината на компанијата е 1,22 милиони евра, обврските на крај на 2017 година биле 322.000 евра. Компанијата книжела загуба во мали износи за последните три години.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра