Кој ќе лапа 450.000 евра камата годишно од Уни банка?
Објавено во: Економија 06 Декември, 2018
Кој ќе ја добие привилегијата да купи перпетуална обврзница од УНИ Банка на која ќе се плаќа годишна камата од 9 отсто во првите пет години, а за секоја идна година 11 отсто? Ова е клучното прашање што ќе си го постави секој инвеститор кога ќе ја види предлог одлуката за претстојното акционерско собрание на УНИ Банка закажано за 11 јануари годинава на која на дневен ред ќе се најде овој предлог доставен од Надзорниот одбор.
Главниот акционер во УНИ Банка некому ќе му даде привилегија да купи обврзници за 5 милиони евра на кои оваа банка ќе плаќа 9 отсто годишна камата за првите пет години и тие пари ќе се исплаќаат од добивка расположива за распределба.