25 Април, 2024
0.0282

Ќе стане ли пуста желба дивидендата за малите акционери во Уни банка?

Објавено во: Економија 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе остане ли дивидендата пуста желба на малите акционери во УНИ банка? Ова е логично прашање што ќе си го постави секој што ќе го прочита предлогот со кој главниот акционер во УНИ Банка некому ќе му даде привилегија да купи обврзници за 5 милиони евра на кои оваа банка ќе плаќа 9 отсто годишна камата за првите пет години и тие пари ќе се исплаќаат од добивка расположива за распределба. Нема ли поевтин начин банка да позајми пари од овој со обврзницата на која ќе плаќа годишно 9 отсто камата? Има ли штедач во УНИ банка годишна каматна стапка од 9 отсто?

Кој ќе ја добие привилегијата да купи перпетуална обврзница од УНИ Банка на која ќе се плаќа годишна камата од 9 отсто во првите пет години, а за секоја идна година 11 отсто? Ова е клучното прашање што ќе си го постави секој инвеститор кога ќе ја види предлог одлуката за претстојното акционерско собрание на УНИ Банка закажано за 11 јануари годинава на која на дневен ред ќе се најде овој предлог доставен од Надзорниот одбор. Одговорот на ова прашање го знаат само двајцата најголеми акционери во УНИ Банка Цеко Тодоров Минев и Ивајло Димитров Мутафчиев од кои секој поседува по 36,45 отсто од акциите со право на глас и ќе одлучат кој ќе има шанса да купи обврзници на кои банката ќе плаќа фиксна камата од 9 отсто годишно за првите пет години.

Најзначајно за малите акционери е тоа што каматата на новата обврзница што ќе биде издадена во приватна понуда за познат купувач е фисна и на износ од 450.000 евра годишно што ќе се издвои од добивката на банката која е расположлива за поделба. Тоа значи дека не треба да „рачунаат“ на 450.000 евра од идна годишна добивка затоа што тие пари ќе одат за камата на перпетуалната обврзница. Оваа одлука на големите акционери директно ќе засегне околу 380 домашни физички лица кои контролираат речиси 12 отсто од акциите со право на глас во банката и уште 49 домашни фирми кои поседуваат 8 отсто од акциите во банката. Како ќе влијае ова врз пазарната цена на таа акција допрва ќе видиме

Кои се најважни атрибути на оваа обврзница?

Обврзницата има пазарно својство и таа е пренослива што значи дека ќе може да се тргува на пазарот на капитал. Таа не е конвертибилна што значи дека не може да стане акција со право на глас. Таа не е обезбедена што значи дека е ризик за вложувачот, но затоа има фиксна годишна каматна стапка од 9 отсто за првите пет години и за секоја наредна година каматата ќе расте за 2 отсто. Вредноста на емисијата е 5 милиони евра во апоени од по 1.000 евра обврзница. Емисијата е приватна и е наменета за најмногу 20 инвеститори. Парите од продажбата на обврзницата ќе бидат вклучени во основната главнина на банката, а ќе се наменат за поддршка на кредитниот пораст. 

Сите детали и атрибути на оваа обврзница може да ги прочитате ТУКА.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди