Добивај вести на Viber
Елвир Мекиќ и Елена Петреска со државни пари ќе ги афирмираат семејните вредности, а Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов се промовираа како композитори на народна песна.
Македонската радио-телевизија го објави списокот на изведувачи и композиции кои добија државни субвенции на вториот квартален конкурс за стимулирање на македонската музичка продукција.
Како автор доминира Кристијан Габроски, на кого му „поминале“ дури четири композиции. Неговите субвенционирани песни ќе ги пеат Анета Ристова, Александар Белов и две песни Елена Петреска – Толевска, од кои едната е за афирмација на семејните вредности во општеството или за многудетните семејства. Во оваа категорија државни пари доби и Елвир Мекиќ.
Во категоријата „афирмиран пејач на народна музика“ финансиски средства добија авторите Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов, кои инаку се познати музичари на домашната поп-сцена. Во категоријата „врвен изведувач“, примена е композиција што ја изведува Ламбе Алабаковски.
На листата на одбиени изведувачи и композиции за државна помош се најдоа „Нокаут“, „Синтезис“, Адријан Гаџа, Слаткаристика, Влатко Лозаноски, Тамара Тодевска, ДНК, Ѓоко Танески, Соња Тарчуловска, Ирена Спасовска, Наум Петрески и Ефто Пупиноски.