КОЈ ЌЕ ПОПУШТИ: Лидерите пак ќе седнат на иста маса да го мислат решението за референдумот
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2018
Утре во потесен состав партиските лидери ќе се обидат да најдат консензус за стратешките прашања од кои фокусот ќе биде на формирањето на ДИК и претстојниот референдум кој според најавите ќе се одржи наесен.
Вчера и Вицепремиерот Османи искажа оптимизам по повод средбата на која ќе присуствуваат лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами.
„Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања“-кажа Османи како главен преговорач во скрининг процесот со ЕУ.
Лидерската средба во четвртокот заврши безуспех, но според партиите некои прашања се приближиле кон слични ставови.
Ќе се дискутираат и условите на ВМРО-ДПМНЕ - Законот за финансирање на партии, измени во Законот за Влада и измени во Кривичниот законик поврзани со амнестијата.
Медиумите брифираат дека токму амнестијата е еден од условите на опозицијата за референдум.