26 Април, 2024
0.0282

Кој плати 413.000 евра за акции во „Макошпед“?

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Нов сопственик или сопственици добија 16,6 отсот од акциите во „Макошпед“. Некој или некои нови инвеститори платија 413.000 евра за акции кои ги купија по цена што е 4 пати пониска од книговодствената вредност на таа хартија од вредност. Во септември инвеститори платија над 110.000 евра за 38.000 акции со право на глас, а цената беше 180 денари за акција

Акцијата на „Макошпед“ денеска беше најтргуваната на Македонската берза. Во 30 трансакции беа истргувани 16,6 отсто од акциите на оваа шпедитерска компанија и за нив беа платени 412.900 евра. Ценовната маргина во која се тргуваат акциите е еден денар од 194 до 195 денари за акција. Засега нема информации кој или кои се купувачи на акциите ниту пак кои се продавачите на акцитие кои носат право на глас во „Макошпед“. Засега не може да се каже ниту дали ќе видиме што се променило во акционерската структура на таа компанија затоа што новите сопственици може да се купувачи на износи со кои нема да ја надминат маргината од 5 отсто согласно која доаѓа и обврската за нивно објавување во јавниот регистар на податоци за сопственици на акции кои имаат 5 отсто или повеќе од акциите во секоја од компаниите во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Според актуелната структура на сопственици на акции најголем акционер сега во „Макошпед“ се скопските фирми: „Мепком“ која поседува 19 отсто од акциите со право на глас пред Уготур кој поседува 15,11 отсто и „Ултимус“ кој има 14,18 отсто од акциите. Во сопствен откуп „Макошпед“ има 10 отсто од акциите.

Што е „тајното оружје“ на „Макошпед“?

„Макошпед“ е релативно мал субјект на пазарот со шпедитерски услуги во земјава. За да се сфати најдобро значењето на „Макошпед“ во одредениот контекст т.е. во шпедитерскиот бизнис важно е следното: „Макошпед“ е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ – најголемата шпедитерска компанија во Македонија. Ова значи дека кој има контрола врз „Макошпед“ значајно учествува односно се прашува и при носењето на важни акционерски одлуки во „Фершпед“. Според официјалните податоци „Макопшпед“ има 12,9 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. Синовите на Штерјо Наков поранешниот долгогодишен прв човек на „Фершпед“ се следни на листата акционери: Драган Наков има 11,83 отсто од акциите, а Сашо Наков поседува 11,04 отсто. Кондиторската компанија „Европа“ има 8,17 отсто, а фирмата „Супер Х Трејд“ контролира 6,76 отсто од акциите. Во сопствен откуп „Фершпед“ поседува 9,99 отсто од акциите кои во овие услови се без право на глас и без право на дивиденда.

Значајно за „Макошпед“ е и тоа што има голема дискрепанца меѓу пазарната цена на акција и нејзината книговодствена вредност. Поточно книговодствената вредност е за 4 пати поголема од нејзината последна пазарна цена.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти