КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

Објавено во: Економија 23 Април, 2024 11:08
Фармацевтската компанија „Реплек“ продолжува да биде едно од најинтересните акционерски друштва, особено за инвеститори кои купуваат акции преку блок трансакции на Берзата.
Најновата блок трансакција се случила вчера, кога во еден наврат за познат купувач биле продадени 55 акции на оваа компанија.
Тоа значи дека вчера некој одеднаш плати близу 93 и пол илјади евра, за да добие во своја сопственост 55 акции на компанијата.
Цената по која е продадена една акција изнесува 104.500 денари, што е пониска цена од онаа која била последна остварена на редовниот пазар на последниот ден кога се тргувалло со овие акции, а тоа е 18 април оваа година. Но, треба да се напомене дека тогаш била продадена само една акција на фармацевтската компанија, а на вчерашниот блок поминаа 55 акции.
Засега не се знае кој е купувачот на овој акционерски пакет, кој инаку изнесува 0,21 отсто од вкупниот акционерски капитал на компанијата.
Инаку, треба да се наведе дека „Реплек“ е транспарентна компанија и постојано ја информира инвеститорската јавност доколку некој се стекнал со дополнителна количина акции од компанијата, а особено тоа се случува кога акции купуваат членови на одборите или на менаџерските структури на ова акционерско друштво.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Бислимовски: Нафтените деривати ќе поскапуваат, дизелот вонредно за 2,5 денари повисока цена
УШТЕ ЕДЕН ЗАБОРАВЕН, ЗАПУШТЕН И ПОЛУ УНИШТЕН ОБЈЕКТ СЕ СТАВА ВО ФУНКЦИЈА“: Мицкоски го отвори Македонско село

„ЛАЖНО КАФЕ“ - ПРОДАВНИЦИТЕ СЕ ПОЛНИ СО ФЕЈК ПРОИЗВОДИ, А НА НЕКОИ ИМ Е ИЗМИНАТ РОКОТ: Како да се препознаат?

Инженери на Македониja незадоволни од работата на РКЕ: Да се укине паушалното фактурирање на струјата

ДОАЃА СМАРТФОН НА ТРАМП: Ќе биде „мејд ин Чајна? Еве од каде ќе се набавуваат компоненти за уредот

„ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПОЛЕКА ЌЕ ВЕ ЗАМЕНИ“: Извршниот директор на Амазон со лоша порака до вработените - Кратиме работни места

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

КОНКУРЕНЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО: Ова ги плаши вработените или ги мотивира да бидат подобри?
