23 Јуни, 2018
0.4632
    ALK 8331.04    0.37%     BESK 9899    1.01%     COMA 306    0%     GRNT 848.09    2.11%     KMB 5322.64    1.79%     MPT 43620.21    5.11%     MTUR 4790.91    1.94%     OHB 6376.92    -0.37%     OKTA 4747    9.98%     POPK 15    7.14%     RMDEN16 95.5    0%     RMDEN17 95.6    0.21%     RZLV 82.6    1.98%     RZUS 149.5    6.03%     STB 981.83    1.27%     STBP 896.62    0.28%     STIL 153.87    3.97%     TETE 2299.91    0.45%     TNB 13946.7    1.16%     TPLF 1113    -9.95%     TTK 1030.25    2.55%     UNI 2618.83    8.01%     ZILU 262.98    2.73%

Кој посакува трагичен крај на ром-комот меѓу Заев и Ахмети?

Објавено во: Колумни 09 Март, 2018

ДУИ е предмет на мечта и желбите најчесто на опортунистите од различни политички партии но, само кога се во опозиција, бидејќи тогаш најрационално ги гледаат работите и кристално им е јасно дека без пратениците на Ахмети и нема влада. Затоа и сега опортунистите се надеваат дека ДУИ ќе му раскине на Заев, а со тоа и дефинитивно би се распаднала владината коалиција со што во воздух ќе висат многу работи како неопходните реформи кои се натегаме да ги издебатираме, изгласаме и примениме уште од Пржинскиот процес и забелешките на Прибе, економксата програма за напредок и секако, решавањето на најтешкиот спор и најголемиот предизвик со кој се соочила македонската независна држава, а тоа е постигнување договор со Грција за уставното име. 

Интересно е што сега повици кон ДУИ кли народно кажано „ишарети“ стигнуваат од самата десница која е во опозиција. Слично беше и претходно кога дУИ беше во силните прегратки на Груевски, но тогашната „тендер“ коалиција функционираше беспрекерно, секако кога беа во прашање распределбата на фотелји и други државни бенефиции, а многу помалку во суштинскта работа на владата.

Сега има втор дел од ром-ком хитот во Владата. Овој филм како и секое холивудско клише започна сосема неочекувано, во последен момент Ахмети се „затрча кон прегратките“ на Заев, секако мислиме на клучната одлука во декември минатата година да му раскине конечно на Груевски и да сфати кој е за него подобар политички партнер. Потоа следат забрзани кадри на подобро запознавање на СДСМ и ДУИ со сите тактики на проверување на тоа дали чуствата за политичка коалиција се обострани, за љубовта да кулуминира со претставување на Албанската платформа со неколку клучни барање меѓу кои и изгласување на Закон за употреба на јазиците кој ќе го финализирал Охридскиот мировен договор.

Сепак, токму овој дел од романсата на СДСМ и ДУИ покажа дека постојаното одложување на медениот месец од почетокот на политичкиот брак нема остави голем простор за трпение како што времето минува. И првата брачна политичка кавга конечно и се случи, сега за прв пат имаме вистински сомнежи дека СДСМ нема највисок степен на можности да го изгласа повторно Законот за употреба на јазици без да ја „згази“ опозицијата во Собранието, да не ги разгледа предложените стандарди и да ги напушти сопствените ветувања дека за сите крупни државни прашања ќе ги сослуша сите неопходни страни. Сега, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивното легитимно право да го оспоруваат законот иако 35 илјади амандмани не се конструктивна дебата туку дирекртна блокада која доведува до вакви политички искри иако и во овие моменти можеби и немаа други опции со кои би стопирале носење на еден закон со потенцијални недостатоци и недоволна прифатеност од јавноста за повеќе спорни членови за кои се уште нема оценка ниту од Венецијанската комисија при Советот на Европа.

СДСМ се чини дека предолго му го пумпаше егото на ДУИ и сосила му го билдаше политичкиот рејтинг, за што Ахмети сигурно има доволно причини за задоволство. Па погледнете ги локалните избори во бестрага, зарем ДУИ има право да се жали од својот партнер за тоа што победи во Струга каде Заев го жртвуваше Села, во Тетово, во Чаир, во поширокиот тетовски и кумановски регион? Зарем, тоа што законот за албански јазик не може да се донесе треба да биде причина за распад на владата?. Дајте ве молам, да не бидете така наивни, ниту пак да си правите евтини проекции од типот на „широка влада за национален спас“. 

Таа кроткост на Заев, желба да се решаваат конфликтите и да се наоѓаат компромиси не смее да се злоупотреби во овој клучен и навистина тежок период за македонската држава во која сите стравуваме дека ќе ни биде наметнато решение со многу отстапки и можни непристојни предлози. Затоа ни треба ефективно работење на владината коалиција таква каква што е бидејќи „Животот“ не смее да застане само затоа што еве чекаме да се најде решение со Грција, па да влеземе во НАТО во јуни, па да почнеме да преговараме со ЕУ и тогаш се магично ќе се реши. Не, напротив сите владини актери мора баш сега да докажат дека се над своите тесно партиски интереси и дека може да работат во интерес на народот и државата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Русија најавува тензии во Македонија

Русија најавува тензии во Македонија

ЕФТИНА НАфТА – ПОГОЛЕМО ЗАГАДУВАЊЕ

ЕФТИНА НАфТА – ПОГОЛЕМО ЗАГАДУВАЊЕ

Време ли е за оптимизам: Што очекувам од членството во ЕУ

Време ли е за оптимизам: Што очекувам од членството во ЕУ