06 Мај, 2024
0.0224

Кој сѐ ги учи нашите деца?

Објавено во: Колумни 28 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Образованието е столб на секое општество и без здрава основа, која почива на квалитетно образование, не може да се развие една млада личност и да просперира. Поаѓајќи од оваа флоскула неминовно се наметнува темата за постојани реформи и тоа во сите нивоа на образование, почнувајќи од основното-примарното, преку средното се до високото(и тоа на трите нивоа додипломски, последипломски-магистерски и докторски студии). Реформите кои се случуваат во еден континуитет кај нас првенствено имаат за цел зголемување на сознајниот фонд на учениците, прилагодување кон европските образовни модели, стекнување на компетенции, ускладување на теоретското знаење со праксата. Дел од реформите, спроведени последниве дваесетина години доживеале прогрес, дел стагнирале, а дел ги уназадиле сегментите кон кои биле наменети. Исто така е наша реалност се одредените негативности кои во од го следат образованието Она што може да се забележи, од друга страна, се образовните курикулуми кои се изготвени од признати и познати експерти од областа на образованието и кои имаат за цел да го подигнат на едно повисоко ниво севкупниот образовен процес. Во тој контекст имаме зголемување на квалитетот на знаења за нови области, интеграција на новите наставни методи и техники во образовниот систем, компјутерска едукација, прилагодување кон современите образовни текови. Доказ и показ за успешноста на нашето образование се големиот број на ученици и студенти кои заминале во европските и светски метрополи и таму постигнале врвни резултати, и тоа пред се како предиспозиција на нивните сознајни и образовни капацитети. Но она што исто така е наша реалност се одредените негативности кои во од го следат образованието и заради кои каскаме во место. Дел од нив се однесуваат на преобемноста на материјата која треба да се усвои, дел на насилството што е дел од нашата реалност, а дел на лошите кадровски решенија. Во одредени периоди се случува галопирачко насилство Насилството ни се промакнува неколку години, при што се менува интензитетот на насилство и агресија кај учениците. Не можеме да изделиме една причина за зголеменото насилство, тоа се дефинитивно сплет на причини, но може да забележиме циклични промени. Имено, во одредени периоди се случува галопирачко насилство, потоа имаме период на затишје, да повторно во одредени општествени ситуации ни се пројавува бура на насилни и агресивни дејанија. Секако не детално образложувајќи ги причините за појавата на насилството и агресијата меѓу младите, не може да се амнестираат образовните институции, бидејќи се тие втор дом на младите. Од нив се бара покрај образовната компонента, да се стави посебен акцент и на воспитната. Она што е посебно значајно е што едукаторите-наставниците треба во рамките на своите предметни програми да изнајдат механизам и начин како да имплементираат дел од дискусии и едукација за надминување на насилното и агресивно однесување меѓу младите. Посебно стручните служби се задолжени за таквите моменти кои треба да изнајдат соодветен начин на зголемена едукација преку трибини, филмови и примери кои ќе имаат за цел превенција и сузбивање на насилното и агресивно однесување кај младите. Фрапантно видео со пијаниот професор Деновиве ме фрапира и силно вознемири една фотографија, ставена на социјалните мрежи и токму таа денес беше повод да се осврнам на образованието на младите кај нас. Станува збор за една фотографија на која во прилично алкохолизирана состојба на лежалка на плажа е спружен директор на средно училиште, при што учениците се шегуваат со него, непристојни зборови разменуваат, а тој истито од големото количество на алкохол што го вкусил не може да се помрдне и постојано паѓа. Во разговор со учениците тие го потенцираат континуитетот на пиење на истиот раководител на таа образовна институција. Гледајќи ги тие фотографии, од кои искрено се вознемирив и слушајќи ги дискусиите за таа личност си го поставив прашањето - Кој се ги учи нашите деца? До ова дереџе и сме дојдени бидејќи ислучиво партиската припадност е основа за високото позиционирање на одредени личности Она што е примарно е какви модели на идентификација и имитација им нудиме на нашите младинци, личности кои мошат да практицираат девијантно однесување ли-па во тој случај младите не само што нема да можат да направат дистинкција меѓу доброто и лошото однесување, туку ќе изградат еден испервертиран систем на вредности. Од друга страна кај нив ќе се јават размисли ако може носителот на највисока функција во едно училиште да се однесува на таков непристоен начин и да конзумира алкохол во неограничени количини и при тоа да биде амнестиран од одговорност  тогаш зашто тие да бидат примерни, добри, чесни и пристојни? Она што под итно треба да се стори е да се санкционира соодветниот директор и тоа санкција која нема да биде ни малу нежна, а уште поважно е партисата структура која го предложила да не застане во негова одбрана. Токму до ова дереџе и сме дојдени бидејќи ислучиво партиската припадност е основа за високото позиционирање на одредени личности на места кои се итекако значајни и суштински. Доколку не се преземат соодветни контроли по сите образовни институции и не се санкционираат оние кои грешат, се однесуваат несоодветно на институцијата во кој работат и практицираат одредена општествена девијација во тој случај нема да можеме да бараме од младиот човек да развие позитивен дух и однесување со принципите на моралот и вредносниот дискурс. Каков модел ќе му наметнеш на младиот човек таква личност ќе изградиш. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија, Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина