КОЈ СТРЕЛАШЕ КОН ТУРЦИЈА: Ракета го погоди градот Килис
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2018
Ракетa од северна Сирија денеска паднала во турскиот град Килис, но нема повредени. Ракетата е испукана од областа Африн, каде што турската војска води офанзива против силите на сириските Курди, кои ги смета за безбедносна закана зашто соработуваат со курдските бунтовници во Турција.
Жителите на градот Килис почнале панично да бегаат кога ракетата погодила една зграда.
При ракетни напади врз турските погранични градови Килис и Рејханли досега загинаа тројца, а повеќе од 20 луѓе се повредени.