16 Мај, 2024
0.1575

Кој заработува најмногу во Холивуд?

Објавено во: Стил 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Иако ја стекна славата како кечер, актерска кариера на Двејн Џонсон се разви уште поуспешно и од спортската. Во последната година тој бил највисокоплатениот актер во светот, покажува рангирањето на списанието Forbes.

44-годишниот Џонсон го измести од листата Роберт Дауни Џуниор, кој го предводеше минатогодишниот рејтинг, но сега падна дури на 8-то место со 33 милиони долари.

Џонсон го зголемил приходот речиси двојно благодарение на надоместокот за филмот „Central Intelligence“ и аванст за фотографиите од осмиот дел на Fast and Furious.

Втор во рејтингот е мајсторот на источните боречки вештини Џеки Чен (61 милиони долари), а трет е американскиот актер Мет Дејмон (55 милиони долари). Неговите приходи летнаа нагоре со цели 120% благодарение на фирмата„The Martian“, 2015 на режисерот Ридли Скот.

Останатите во првата десетка се Том Круз (53 милиони долари), Џони Деп (48 милиони долари), Бен Афлек (43 милиони долари), Вин Дизел (35 милиони долари), Шарук Кхан (33 милиони долари) и Кумар Акшаи (31 милиони долари).