19 Мај, 2024
0.0262

Која банка месечно од камати прави чисти 5 милиони евра

Објавено во: Економија 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје има „турбо квартал“: нето приходите од камати се 420.000 евра повисоки од лани и изнесуваат 15,1 милиони евра, кредитирањето е зголемено за над 50 милиони евра. Благодарејќи на компензацијата на останатите расходи од дејноста на драстично намалените нето приход од провизии и надоместоци, оваа банка првиот квартал го затвори со профит од 8,9 милиони евра!

Стопанска банка Скопје има солиден прв квартал, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех. Банката која е доминантна во земјава во делот на кредитирање население во првиот квартал годинава има 15 милиони евра нето приход од камати! Тоа значи дека просечно месечно нето приходот од камати изнесува 5 милиони евра или 167.000 евра просечно дневно.

Расходот за камати на Стопанска банка Скопје во првото тромесечје изнесува само 11,4 отсто од целиот приход од камати и по овој параметар оваа банка е супериорна на нашиот банкарски пазар. Сепак не може се да биде идеално. Голем пад на нето приходите кај втората најголема приходна ставка – надоместоците и провизиите. За првите три месеци од нив банката остварила 3,05 милиони евра што е за 1,2 милиони евра помалку во споредба со истиот период во 2019 година. Причина: расходите за провизии и надоместоци се за речиси 5 пати годинава поголеми од истиот период лани.

Останатите приходи од дејноста за првите три месеци изнесуваат 1,3 милиони евра и во споредба со лани бележат пад за 254.000 евра. Кај резервациите состојбата е речиси иста како истиот период лани. Издвоени се 2,9 милиони евра што е за 53.000 евра подобро односно помалку од првото тромесечје 2019 година. Значајно е да се истакне дека во овој период банката нема загуба заради оштетување на нефинанските средства.

И клучот на успехот за првиот квартал е значајното кратење на останатите расходи од дејноста во однос на истиот период лани. За периодот јануари-амрт годинава за тие расходи банката платила 3 милиони евра што е за 1,2 милиони евра помалку од истиот период лани. Со кратењето на овие расходи банката го компенизирала во целост падот на приходите од провизии и надоместоци во споредба со лани.

Најголема трошковна ставка се вработените за кои банката за првите три месеци издвоила 3,6 милиони евра што е за 211.000 евра повеќе од лани.

Добивката на банката за првиот квартал изнесува 8,9 милиони евра и тоа е за 100.000 евра подобар резултат од истиот период лани.

Кредитирањето пораснало за 52 милиони евра!

Солиден раст на кредитирањето бележи Стопанска банка Скопје во првите три месеци годинава во споредба со состојбата на крајот на 2019 година. Нивото на кредитирање на други коминтенти (со исклучок на банките н.з.) изнесува 1,13 милијарди евра и тоа е за 52 милиони евра повеќе во споредба со 31 декември 2019 година. Кај вложувањата во хартии од вредност (пред се државни обврзници и записи н.з.) состојбата е иста како и на крајот на 2019 година што значи дека менаџментот на банката бил фокусиран исклучиво на кредитирање. Вложувањата во хартии од вредност ка крај на март изнесуваат 138.3 милиони евра.
Депозитите бележат благ тренд на намалување што веројатно е резултат на трендот на непривлечни каматни стапки за штедење. Нивното ниво е 1,34 милијарди евра.

Еве споредба на три од најважните параметри со еден од двата најголеми ривали

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа