Која е државата која ќе „лапне“ пари од „Епл“?
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2019
„Епл“ ќе плати на Франција 500 милиони евра заостанат данок.
Американскиот технолошки гигант „Епл“ постигна договор со француските даночни власти да ги плати десет години ненаплатените даноци, јавува дописникот на МИА.
Оваа компанија треба да плати скоро 500 милиони евра за да стави крај на овој спор, во рамки на доверливиот договор постигнат кон крајот на декември лани.