Добивај вести на Viber
Интернет огласувањето во светски рамки доживува се поголем раст. Според последните истражувања на ZenithOptmedia - “Advertising Expenditure Forecasts”, се очекува глобалниот рекламен пазар да порасне за 5,3% оваа година, достигнувајќи сума од 523 милијарди долари. Интернет адвертајзингот е најбрзо растечкиот сектор и носител на вкупниот раст оваа година со 17,1%, што е резултат на се подобрата технологија за дигитално рекламирање која го чини овој тип на маркетинг поевтин и поефективен.
Новите технологии ги унапредуваат повеќето области на интернет рекламирањето. Рекламните формати т.н “Rising stars” идентификувани од IAB (Internet Advertising Bureau), овозможуваат дисплеј (банер) рекламирањето да биде поинтерактивно и порелевантно за корисниците.
Се очекува традиционалното
дисплеј интернет рекламирање да расте со просечна стапка од 15,8% годишно во периодот од 2014 до 2016. Дисплеј рекламирањето на
социјалните медиуми пак, ќе расте со многу поголема стапка, просечно годишно по 29,9% во следните 3 години. Ова се должи на се поголемиот број на можности за таргетирање на социјалните медиуми, што го чини овој тип на рекламирање атрактивен за маркетинг агенциите и огласувачите. Видео рекламите на интернет
(online video) добиваат широка употреба и веќе може да се конзумираат и преку смартфони, таблети, конзоли и смарт телевизори, што им овозможува на огласувачите широк спектар на нови можности за поврзување со потрошувачите. Овој тип на рекламирање се покажа како многу ефективен изминатите години па затоа и се очекува растот на истиот да продолжи со просечно 24,2% годишно во следните 3 години.
Search Engine Marketing (paid search) е сегмент од онлајн огласувањето кој се очекува да го продолжи континуираниот раст од 14% годишно. Со адаптацијата на дел од алатките кои се користат во дисплеј рекламирањето, SEM им дава на огласувачите поголема контрола во однос на тоа каде, како и кому огласите ќе се пласираат. Можноста за ретаргетирање (пласирање на реклами само на корисници кои веќе го посетиле сајтот/страната на клиентот) го чини овој канал особено атрактивен за рекламирање.
ZenithOptimedia предвидува дека во светски рамки интернет огласувањето оваа година ќе учествува со 23,6% во глобалната рекламна потрошувачка, надминувајќи ги за прв пат во историјата печатените медиуми кои ќе имаат 22,7% удел во вкупните рекламни трошоци. Со ова и дефинитивно може да се каже дека во светски рамки интернет рекламирањето ги надмина печатените медиуми.
Доклку растот на интернет маркетингот се анализира по уреди (devices), тогаш
мобилното рекламирање е убедливо најбрзо растечки сегмент на интернет. Мобилното огласување вклучува реклами кои се прикажуваат на мобилни уреди (смартфони и таблети) без разлика дали истите се “display” (банер) реклами, “search/classified ads” или “in-app ads” (реклами што се појавуваат при користење на различни апликации). Оваа година се очекува мобилното огласување на светско ниво да порасне за 67%, односно за седум пати побрзо од десктоп огласувањето. Со тоа мобилниот адвертајзинг ќе има достигне удел од 20% во вкупниот интернет рекламен колач. До 2015 овој удел се предвидува дека ќе порасне на 25%, а во 2016 дури на 30%.
Мобилното рекламирање е најголем контрибутор во глобалниот раст на огласувањето. Во следните години мобилното огласување ќе придонесува дури со 42% во дополнителниот глобален буџет за огласување.
Анализирано по региони, предвидувањата за следните неколку години се дека огласувањето во Еврозоната ќе го задржи растот од 0,9%. Поради конфликтите во Украина се очекува овој пазар да се намали за 32,5% а Рускиот рекламен пазар ќе има раст од само 1,7% годинава, наместо предвидените (пред конфликтот) 6,9%.
Колку Македонија ги следи овие трендови?
Ненад Ристовски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: