КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Петта недела раст на цената на нафтата
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2017
Петта недела по ред се зголемува цената на нафтата.
Ова е последица на ситуацијата со борбата против корупција во Саудиска Арабија и апсењето на високи функционери.
Цената на нафтените фјучерси оваа недела порасна за 2,7% поради апсењата во Саудиска Арабија како план за зацврстување на моќта на принцот Мохамед бин Салман, кој го поддржува проширувањето на договорите меѓу членовите и оние кои не се членки на ОПЕК за намалување на производството.
Пред два дена ОПЕК го објави извештајот во кој што предвидува намалување на побарувачката на нафта.
ОПЕК наведе дека глобалната годишна просечна побарувачка од 1,3 милиони барели дневно меѓу 2016 и 2020, ќе се намали на 300.000 барели дневно до 2035-2040 година.
Во објавениот редовен годишен извештај, ОПЕК наведе дека обновливата енергија ќе има најбрз раст, но дека уделот во вкупната енергија ќе биде под 5,5 отсто до 2040 година.