КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Затворена е џамија во Касел
Објавено во: Свет 23 Март, 2017
Министерството за внатрешни работи во германската покраина Хасен забрани да работи здружението Алмадинах во градот Касел.
Извршен е претрес и затворена е џамија која важеше за упориште на салафистите.
Околу 100 полицајци ја претресле џамијата и на имамот му ја врачиле забраната.
Се наведува дека ова здружение не придонесува за дијалог, туку ги радикализира младите.
Повеќе од луѓето кои доаѓале во џамијата се упатени во Сирија и Ирак.
Главниот имам повикувал на џихад и убивање на верници од други заедници.
Одлука за затварање на оваа џамија е донесена по повеќемесечна истрага.