27 Април, 2024
0.0289

Која партија најмногу потроши, која најмногу инкасираше?

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Првите извештаи за трошоците за предизборна кампања стигнаа до ДИК, државниот ревизор и антикорупциска точно пред истекот на рокот. 

Првите десет дена од кампањата, на посебната банкарска сметка за избори на партијата на власт легнале речиси 40.000 евра од донации и околу 211.000 од членарина. СДСМ од оваа сметка до сега потрошила 42.000 евра.

Според поднесените извештаи, ВМРО-ДПМНЕ од 207 донатори собрала вкупно 2.882.792 денари или приближно 47 илјади евра, а од членарина 30.000.000 денари или 488 илјади евра.

И партиите од албанскиот блок трошеле повеќе отколку што добивале.

БЕСА и двете владеачки - ДУИ и Алијанса за Албанците, според финансиските извештаи кои ги приложиле, бележат негативно салдо. 

ДУИ потрошила над 143.000 евра, иако на изборната сметка досега и легнале околу 65.000 евра од членарина. Сличен е случајот и со Алијансата. На нивната сметка легнале околу 32.500 евра, а десетдневната кампања ги чинела 36.500 евра.

Опозициската БЕСА, на својата сметка инкасирала вкупно 19.000 евра од донации и членарина, а потрошила 19.500 евра.

Левица со најскромни приходи и расходи на сметката. Во првите две недели од кампањата, партијата за изборно рекламирање добила речиси 2.000 евра, а потрошила околу 1.300 евра.

Вкупно 18 политички партии и независни кандидати поднеле отчет за потрошените пари. Партиите, во извештаите навеле дека главно се финансираат од донации од членовите на раководствата и нивните семејства, како и од приходи што ги поседува самата партија. Партиите ги очекува уште еден финансиски отчет за следните десет дена. Освен тоа, 30 дена по затворањето на сметката тие ќе треба да поднесат и финален извештај кој се должни да го објават на своите веб страници.

Трошењата на партиите скромни во однос на парламентарните избори во декември 2016

За споредба, минатиот изборен циклус, партиите во првите десет дена добиле многу повеќе донации, но и трошеле повеќе.

СДСМ собрала најмногу пари од донации, според првиот финансиски извештај за изборна кампања во 2016. На партиска сметка тогаш се слеале 155.788 евра по основ на донации и уште 379.539 евра од членарина или вкупно 535.327 евра. Тогаш опозициската СДСМ потрошила 155.700 евра.

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во 2016, за десет дена изборна кампања потрошила шест пати повеќе пари отколку што сбрала преку донации. На нивната сметка легнале 120.838 евра, а потрошиле 714.819 евра.

За парламентарните избори во 2016, во првите десет дена ДУИ потрошила скоро 87.000 евра, додека на партиската сметка по основ на донации се собрани 111.882 евра.

Според пријавените финансии во тој период, ДПА преку донации обезбедлила речиси 10.000 евра, а потрошила близу 7.000 евра.

За претходните избори, во периодот од 21 до 27 ноември, според податоците од првичните извештаи, Транспернси интернешнал констатираше декаполитичките партии само за митинзи потрошиле 300.000 евра и уште толку за медиумско рекламирање.

К.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“