06 Декември, 2025
0.1583

Коки Коцев, „Дрим Тим“: Се обидуваме да ги вратиме „подзаборавените“ македонски песни

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2014 11:21

Добивај вести на Viber

ФАКТОР: За кратко време ќе излезе вашето второ двд/цд со песни кои ја промовираат традиционалната македонска музика. Го карактеризира автентичен звук на македонските народни инструменти и архаични македонски песни. Колку време работевте на него и колку песни ќе содржи и кој се ќе биде вклучен во него? КОЦЕВ: За да се дојде до изборот од  дваесет и петте песни и ора за потребите на новиот ДВД проект, ни беа потребни година и половина макотрпна работа. Избраните песни се обработки од  стари народни и  нови авторски песни. Песните се внимателно одбрани, сакајќи да ја доловиме македонската традиција и силниот и уникатен музички ген на нашиот народ. Сите песни се снимени во живо, ќе имаат нов помодерен звук и аранжман, а изведени се од врвни мајстори на народните инструменти.  Албумот ќе претставува вистински музички раритет, а потврда за тоа е досегашната популарност на you tube на дел од песните. Ексклузивни гости на проектот се Миле Кузмановски,  Благоја Груевски, Елена Велевска и Влатко Лозановски. Вокали на Дрим Тим се Марјан Коцев и Дејан Николовски-Цуле, додека инструменталисти се Сашко Велков (хармоника), Коки Коцев (труба), Александар Ангелов (кларинет) Ангел Ќосев и Драги Станков (клавијатури) и Гоце Илиовски (тапани), сите со завршена музичка академија во Скопје,  музичари добро познати на јавноста. ФАКТОР: Важите за една од најпопуларните групи за народна музика. Колку време постои Дрим Тим, и кој е вашиот мотив денес да се вратите кон корените на традиционалната македонска музика? КОЦЕВ: Почетоците се приближно пред 20 години. Водени од желбата да создадаме компактен тим, кој ќе создава квалитетен, препознатлив и содржаен музички звук,  Дрим Тим во последниве 15 години е во сегашниот состав на музичари. Мотивот и целта на овој проект е да се повратат и  регенерираат голем дел од “подзаборавените” народни и авторски песни кои ние сакаме да ги пренесеме кај пошироката јавност во наш автентичен и препознатлив стил. А доколку со нашата музика стоплиме многу срца, ќе бидеме многу среќни. ФАКТОР: Има ли некоја мелодија која посебно ви легнала на душа? КОЦЕВ: Мислам дека скоро сите песни ни се при срце, дека се подеднакво убави, и дека публиката ќе ужива во целиот репертоар. ФАКТОР: Се работи за проект со кој се промовира  традиционалната изворна македонска музика? Какви се плановите во врска со овој амбициозен проект, дали планирате да го промовирате и надвор од границите на нашата земја? КОЦЕВ: Посакуваме, и кон тоа ќе настојуваме, овој проект да биде дел од македонските домови прослави и забави, насекаде во светот каде што живеат Македонци. Секако, првенствено сакаме истиот прво дома да биде добро прифатен, а потоа и надвор од Македонија. А да се патува низ светот, и притоа да се промовира македонска народна музика, нејзините автентични звуци и самата историја на македонскиот народ раскажана преку песната е предизвик и сон за секој музичар. Се надеваме дека овој музички проект ќе остане со генерации и подеднакво ќе биде интересен, како денес така и во иднина.

За кратко време ќе излезе вашето второ двд/цд со песни кои ја промовираат традиционалната македонска музика.? Го карактеризира автентичен звук на македонските народни инструменти и архаични македонски песни. Колку време работевте на него и колку песни ќе содржи и кој се ќе биде вклучен во него?

 

 За да се дојде до изборот од  дваесет и петте песни и ора за потребите на новиот ДВД проект, ни беа потребни година и половина макотрпна работа. Избраните песни се обработки од  стари народни и  нови авторски песни. Песните се внимателно одбрани, сакајќи да ја доловиме македонската традиција и силниот и уникатен музички ген на нашиот народ.

Сите песни се снимени во живо, ќе имаат нов помодерен звук и аранжман, а изведени се од врвни мајстори на народните инструменти.  Албумот ќе претставува вистински музички раритет, а потврда за тоа е досегашната популарност на you tube на дел од песните.

Ексклузивни гости на проектот се Миле Кузмановски,  Благоја Груевски, Елена Велевска и Влатко Лозановски. Вокали на Дрим Тим се Марјан Коцев и Дејан Николовски-Цуле, додека инструменталисти се Сашко Велков (хармоника), Коки Коцев (труба), Александар Ангелов (кларинет) Ангел Ќосев и Драги Станков (клавијатури) и Гоце Илиовски (тапани), сите со завршена музичка академија во Скопје,  музичари добро познати на јавноста.

 

 

Важите за една од најпопуларните групи за народна музика. Колку време постои Дрим Тим, и кој е вашиот мотив денес да се вратите кон корените на традиционалната македонска музика?

 

Почетоците се приближно пред 20 години. Водени од желбата да создадаме компактен тим, кој ќе создава квалитетен, препознатлив и содржаен музички звук,  Дрим Тим во последниве 15 години е во сегашниот состав на музичари.

Мотивот и целта на овој проект е да се повратат и  регенерираат голем дел од “подзаборавените” народни и авторски песни кои ние сакаме да ги пренесеме кај пошироката јавност во наш автентичен и препознатлив стил. А доколку со нашата музика стоплиме многу срца, ќе бидеме многу среќни.

 

Има ли некоја мелодија која посебно ви легнала на душа?

 

Мислам дека скоро сите песни ни се при срце, дека се подеднакво убави, и дека публиката ќе ужива во целиот репертоар.

 

Се работи за проект со кој се промовира  традиционалната изворна македонска музика? Какви се плановите во врска со овој амбициозен проект, дали планирате да го промовирате и надвор од границите на нашата земја?

 

 

 

Посакуваме, и кон тоа ќе настојуваме, овој проект да биде дел од македонските домови прослави и забави, насекаде во светот каде што живеат македонци. Секако, првенствено сакаме истиот прво дома да биде добро прифатен, а потоа и надвор од Македонија.

А да се патува низ светот, и притоа да се промовира македонска народна музика, нејзините автентични звуци и самата историја на македонскиот народ раскажана преку песната е предизвик и сон за секој музичар. Се надеваме дека овој музички проект ќе остане со генерации и подеднакво ќе биде интересен, како денес така и во иднина.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: