18 Мај, 2024
0.0519

Колевски му порача на Димовски да не ја расипува истрагата за „Рекет“

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ацо Колевски, новопоставениот претседател на Советот на јавни обвинители преку медиумите му порача на пратеникот Илија Димовски, претседател на собраниската Комисија за именување, дека евентуалната седница за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева може да влијае негативно на истрагата за случајот „Рекет“ доколку истата се одвива како отворена за јавноста.

Колевски за ТВ21 потврди дека собраниската Комисијата за именување може да гласа за истата да се одвива како отворена за јавноста, но дека принципиелно е за тоа во моментов да одлучува Советот на јавни обвинители затоа што се работи за истрага која е се уште во тек од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и дека материјалот е доверлив.

Димовски вчера на прес-конференција објави дека најпрво ќе побара од Советот на јавни обвинители да го декласифицира извештајот за разрешување на Јанева иако истиот има сензитивна содржина, а Колевски потврди дека ќе свика седница за обвинителите да го разгледаат предлогот.

„Откако ќе го добиеме барањето од претседателот на собраниската комисија за избори и  именувања, советот ќе одржи седница на која ќе се разгледа предлогот за декласификација. Сепак собраниската комисијата сама одлучува дали седницата ќе биде јавна“, изјави Колевски за Сител.

Димовски својата седница ја закажа за утре, а од 13 членови-пратеници на истата, за отфрлање на класифицираниот материјал потребно е одобрување од двотретинско мнозинство, односно да гласаат девет од нив. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Советот на јавни обвинители кога го испратил извештајот во СОбранието ден потоа назначил дека материјалот е класифициран.

Откако Комисијата ќе одлучи, истата одлука предложува за гласање на пленарна седница и потребни се барем 80 гласа од можни 120 во Собранието за разрешување на Јанева, вклучувајќи и Бандентерово мнозинство.

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци