03 Мај, 2024
0.1399

Колкава сума како дивиденди од Македонија завршува во странство: Само лани компаниите одлеале 230 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Дури 230 милиони евра одлеале македонски компании, со странски капитал, надвор од земјата на име дивиденди за цела мината година. Толку пари префрлиле од профитот кој го заработиле овде за странските акционери, покажуваат податоците од Народната банка. Инаку од 2012 година или за шест години само по овој основ од Македонија надвор завршиле безмалку 1,2 милијарди евра.

Ако се анализира по месеци за минатата година, јуни е месецот кога биле најголемите одливи по овој основ, или само во тој месец од Македонија кон странство се прелеале 103,5 милиони евра. Во останатите месеци одливите како дивиденди се многу помали, односно се под десет милиони евра. Сепак не се соопштува зошто во овој месец се најголемите одливи иако може да се претпостави дека во завршените акционерски собранија тој е периодот кога се реализираат одливите. Од Народната банка не даваат податоци ниту кон кои земји се најголемите одливи.

ЕДНА МИЛИЈАРДА ЗА ШЕСТ ГОДИНИ

Сумата која како дивиденда е префрлена надвор мината година е поголема од двете претходни години, но не ја надминува сумата  во 2014 година која е своевиден рекорд или во таа година како дивиденди надвор префлени биле 364,2 милиони евра. Во 2016 година на име дивиденди надвор од Македонија завршиле 201,6 милиони евра, додека во 2015 година сумата е 138,3 милиони евра. Приближно толкави се и сумите во 2013 и во 2012 година.

Година  одлив дивиденди (мил евра)

2012  135,6

2013  128,4

2014  364,2

2015  138,3

2016  201,6

2017  230

Банките кои имаат странски капитал, а кои делат дивиденда, телекомуникациски компании, но и други приватни фирми чии газди се странци се тие кои откако ќе донесат одлука за поделба на профитот како дивиденда, делот од колачот кој е за мнозинскиот газда го префлаат назад во матичната земја. Не се малку на број и неретко ги делат профитите. Во земјава минатата година растот на Брутодомашниот производ беше нула, однсоно економијата стагнираше, но банките прикажаа добивка од над 106 милиони евра. Меѓу нив повеќето се со странски капитал, но префрлувањето на дивидендите според економските аналитичари не треба да се става само во врска со банкарските газди.

ИМААТ ЛИ МОТИВ ДА ГИ ОСТАВААТ ПАРИТЕ ОВДЕ

Професорот Абдулменаф Беџети е дециден дека банкарскиот сектор е еден од најотпорните на кризите во земјава и доста стабилен, а во последниот период како позитивно го гледа и намалувањето на каматите на кредитите, а падот на лошите кредити.

Одлуката за делење на дивиденда вели, е одлука на акционерите и нивно право.

„Зголемувањето на профитабилноста и успешноста на странските компании во земјава треба да радува без оглед од кој сектор се, а дивидендите се акционерска политика. Сепак во иднина, можеби Владата може да размисли со некои фискални инструменти да ги мотивира овие фирми да реинвестираат добивка и овде, а не сето заработено да го префрлуваат надвор, вели Беџети.

Инаку Народната банка само ги собира податоците за статистички цели доека податоците по фирми или индивидуалните податоци имаат третман на информации од доверлив карактер. Тие можат да се анализираат само откако секоја фирма посбено јавно, по акционерскособрание ќе објави колку од добивката ќе ја дели како дивиденда.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски