09 Октомври, 2024
0.0326

Колку чини спектаклот на годината: КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА?

Објавено во: Стил 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Поаѓајки оттаму дека во сабота(19 мај) во Обединетото Кралство ќе се одржи најголемиот спектакл на годината-Кралската венчавка помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, медиумите почнаа да објавуваат колку чини овој настан. 

Несоменено е дека сите знаат дека за овој настан се потрошени многу, многу пари, но погледнете колку навистина чини венчавката.

Во просек една свадба таму чини околу 37.000 долари, но за БиБиСи , планерот на свадби, Ејми Дјун вели дека за овој спектал потрошени се околу 2.7 милиони долари.

Вака изгледаат трошоците за одделните работи:

-Храна и пијалоци(680.000 долари)

-Стаклен простор за пречек на гости(400.000 долари)

-Венчаницата(270.000 долари), се шпекулира дека Маркл сама ќе си го плати својот венчален фустан

-Цвеќиња(130.000 долари)

Кралското семејство постојано вели дека вреди да се потроши голема сума на пари за толку важен настан.

Плус, покрај овие работи, големи суми на пари ќе се потрошат и за многу други ситници...но Кралското семејство за овие податоци и за БиБиСи не даде никаков коментар.