09 Октомври, 2024
0.0344

Колку чини спектаклот на годината: КРАЛСКАТА ВЕНЧАВКА?

Објавено во: Стил 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Поаѓајки оттаму дека во сабота(19 мај) во Обединетото Кралство ќе се одржи најголемиот спектакл на годината-Кралската венчавка помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, медиумите почнаа да објавуваат колку чини овој настан. 

Несоменено е дека сите знаат дека за овој настан се потрошени многу, многу пари, но погледнете колку навистина чини венчавката.

Во просек една свадба таму чини околу 37.000 долари, но за CNBC Make It , планерот на свадби, Ејми Дјун вели дека за овој спектал потрошени се околу 2.7 милиони долари.

Вака изгледаат трошоците за одделните работи:

-Храна и пијалоци(680.000 долари)

-Стаклен простор за пречек на гости(400.000 долари)

-Венчаницата(270.000 долари), се шпекулира дека Маркл сама ќе си го плати својот венчален фустан

-Цвеќиња(130.000 долари)

Кралското семејство постојано вели дека вреди да се потроши голема сума на пари за толку важен настан.

Плус, покрај овие работи, големи суми на пари ќе се потрошат и за многу други ситници...но Кралското семејство за овие податоци и за CNBC Make It не даде никаков коментар.