Колку дивоградби во Охрид чекаат легализација?
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2021
Во Охрид легализација чекаат скоро 20.000 дивоградби.
Има и многу нелегални објекти кои се наоѓаат на нешто повеќе од 50 метри оддалеченост од езерото и кои ќе може да бидат легализирани. Заштитениот појас на Охридскиот регион е изземен од Законот за легализација на бесправно изградени објекти, но неговата евентуално примена ќе биде катастрофа за Охрид, сметаат од граѓанската иницијатива „Глас за спас на Охрид“.
Во ризик се доведени 50.000 дивоградби, откако шефот на државата Стево Пендаровски не го потпиша законското решение и го врати во Собранието.