25 Ноември, 2024
0.1720

Колку е битно знаењето?

Објавено во: Колумни 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Светот до сега е сведок на три големи ери на глобализација Во книгата Светот е Рамен (The World is Flat) Томас Фридман издвојува три ери на глобализација. Глобализацијата 1.0 која трае од 1492 година, кога Колумбо ја пронаоѓа Америка и кога се развива трговијата меѓу Стариот Свет и Новиот Свет, до 1800 година, го сразмерува светот од голем обем во среден обем. Главен двигател на процесот на глобална интеграција е колку една земја е моќна, односно колку мускули, коњски сили, моќ на ветер и пареа, една земја има и колку истите тие сили се искористени креативно во насока на глобална интеграција. Главното прашање кое се поставува е каде е местото на државите во глобалната конкуренција. Втората голема ера, Глобализација 2.0, која трае од 1800 до 2000 година, го сведува светот од среден обем на мал обем. Мултинационалните компании се оние кои ја овозможуваат глобалната интеграција. Во првата половина од оваа ера на глобализација, глобалната интеграција е предводена од намалените трансакциони трошоци како резултат на парната машина и железницата, додека во втората половина интеграцијата е предводена од намалените телекомуникациони трошоци кои се како резултат на телеграфот, телефонот, персоналните компјутери, сателитите, оптичките кабли и раните верзии  на World Wide Web. Главното прашање кое се наметнува во оваа фаза е каде е местото на мултинационалната компанија во глобалната економија. Глобализацијата 3.0 го стопува светот од мало на ситно ниво при што во исто време светот се израмнува. Движечка сила притоа се индивидуите, односно нивната сила да соработуваат и да се натпреваруваат на глобално ниво. Сево ова е овозможено од платформата на рамниот свет, која платформа претставува производ на конвергенцијата меѓу персоналниот компјутер, со кој секоја индивидуа може да биде автор на сопствени содржиини во дигитална форма, со каблите со оптички влакна со кои се овозможува поголем пристап до поголем број на дигитални содржини, и порастот на софтверот кој овозможува проток на работа (work flow software) кој им овозможува на индивидуите низ светот да соработуваат на иста дигитална содржина, без разлика на нивната оддалеченост. Оваа глобализација сé повеќе ги зајакнува индивидуите, и глобализацијата 3.0 е сé повеќе предводена од разнообразни индивидуи, кои не се од Западот и не се бели по боја. Оваа глобализација е достапна за многу голем број на луѓе со што човечкиот колорит е различен. Главна движечка сила е зајакнувањето на индивидуите кон нивна поглобална активност. Во таквиот свет улогата на создавањето, употребата, прилагодувањето и текот на знаењето во разни форми е од огромно значење за напредокот, како на индивидуите, така и на земјите во целина, водејќи воедно и кон долгорочно одржливи стапки на економски раст и развој. Разликата меѓу земјите во нивната развиеност најчесто е поради два фактора, а тоа се способноста и желбата да се оди напред и жртвува за економскиот развој и постоењето на лидери во општеството со јасна визија што треба да се направи во насока на остварување на развојот и желба да се искористи моќта за остварување на промени, наместо самите да се збогатуват и зачуваат статус кво позиција во општеството. Што можат земјите да сторат во насока на опстанок во време на економијата на знаење. Прво и основно е создавање на добра основа во рамките на образованието кое квалитативно ќе биде насочено кон потребите на реалниот пазар на труд, притоа создавајќи кадри кои со решенијата кои ќе ги наметнуваат ќе бидат единствени и ќе генерираат позитивни ефекти, кои неретко ќе бидат и во форма на иновации. Постоењето на околина во која ќе може слободно да се јавува Шумпетеријанската креативна деструкција е од особено големо значење, создавајќи простор за промена на структурата на конкуретни предности кои ги има државата. Институционалниот амбиент, т.е. правилата на игра, треба да обезбедат ист пристап за сите и да не бидат селективно спроведувани врз база на други основи. Приватната иницијатива треба да се промовира и гаји, а сите форми на добро управување меѓусебно да се дополнуваат во позитивните перформанси. Силната инфраструктура на информатичка и комуникациона технолологија обезбедува брза и ефикасна размена на информации низ целиот свет. Знаењето претставува збир на факти, информации, теории, практики, вештини и сл. кои се добиени како резултат на процесот на образование и теоретското и практично делување на поединците. Всушност, знаењето претставува сé она што ние го знаеме за светот: почнувајќи од основните закони на физиката, главните елементи на микропроцесорот, како се вози автомобил, како се шијат пантолони, како се гради ракета и сл. Повеќе аналитичари ја опишуваат денешната глобална економија како економија во транзиција кон „економијата на знаење“ или „информационо општество“. Успехот на развиените земји и нивниот стремеж да остварат понатамошен одржлив економски развој се крие токму во значењето што тие му го даваат на знаењето и нивниот фокус на поддршка и развој на сите елементи од економијата на знаење: постојано образование, иновации,  информациона и комуникациона технологија и економското и институционалното окружување. Работните места се креираат онаму кадешто постои флаксибилна и едуцирана работна сила со најконкурентна инфраструктура и окружување во кое постои креативност и поддршка од владата, т.е. добро владеење. Сево ова води до повисоки стандарди на живот. Според Сер Џон Роуз, извршен директор на Ролс Ројс, сé помалку во светот ќе се зборува за „развиени, земји во развој и неразвиени земји“, а сé повеќе за „паметни, попаметни и најпаметни земји“. М-р Шенај Хаџимустафа

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.