17 Април, 2025
0.0339

Се подготвува интерпелација за Тошковски поради селективна истрага

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 13:54

Добивај вести на Viber

Левица објави дека подготвува интерпелација во Собранието за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за селективност во истрагата по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Пратеничката група на Левица веќе подготвува интерпелација за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поради сериозните пропусти, прикривање на директно одговорни лица и селективно водење на истрагата. Ќе инсистираме на целосна правда и неселективна одговорност - секој кој потфрлил, секој кој премолчел и секој кој свесно прикривал, мора да одговара“, објави Левица.
Според партијата, очигледно станува збор за очигледната селективност и политичка мотивираност во водењето на предистрагата и истрагата за трагичниот настан во Кочани, кој однесе млади животи и остави длабоки траги во целата јавност. 
„И покрај јасните индиции за сериозни пропусти и свесно непостапување од страна на лица со оперативна надлежност, особено во рамки на МВР - истрагата, симптоматично, се насочува исклучиво кон поранешни функционери и пониски ешалони.

Свесно и тенденциозно се изоставаат од одговорност лица кои имале директна обврска да дејствуваат во моментот на трагедијата – вклучително и началничката на ОВР Кочани, началникот на криминалистичката полиција, главната инспекторка за економски криминал, сменоводителот на критичната вечер, како и други службеници од СВР Штип и Бирото за јавна безбедност. Посебно загрижува политичката поврзаност на дел од овие лица со владејачките структури, што отвора сомнежи за свесно прикривање и заштита.

Постоечките пријави против објектот, отсуството на институционална реакција, нелегалната употреба на пиротехника, како и сомнителната „рација" спроведена без учество на инспекциските служби - укажуваат на свесен институционален пропуст со катастрофални последици. Фактот дека постоела законска можност објектот да биде затворен, но тоа не било сторено, дополнително го потврдува сериозниот степен на неодговорност“, велат од Левица.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ВАПСАНИ ЈАЈЦА И ОБРОЦИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ - се вклучи и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување: Уставните измени како единствен услов испаднаа лаги