17 Април, 2025
0.1304

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 16:49

Добивај вести на Viber

Двајца вработени во Државниот пазарен инспекторат и едно лице вработено како обезбедување на дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе добијат мерка куќен притвор наместо досегашната мерка притвот. 

Ова го предлага Основното јавно обвинителство Кочани од каде појаснуваат дека во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани доставени се предлози за продолжување на мерките за обезбедување - притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека. 

Притоа укажуваат дека за три лица од оние кои досега се притворени се менуваат мерките.

- Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката - се напоменува во соопштението на Обвинителството. 

Од таму укажуваат дека поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши не е меѓу лицата за кои се менува мерката притвор во куќен притвор. Без да објавуваат имиња, од ОЈО посочуваат само дека едниот од двете лица од ДПИ за кои се предлага промена на мерката е поранешен директор, а другиот не е. 

Од ДПИ беа уапсени тројца инспектори и двајца поранешни директори, за кои од упсените се однесува промената на мерката се уште не се открива. 

Од таму додаваат дека продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГЛАСАЈ СО СРЦЕ, ИЗБЕРИ СО РАЗУМ: Стерјовски објави дека во Албанија има и упатство за гласање на македонски јазик

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија