25 Април, 2024
0.0260

Колку е развиена прехрамбената и тутунска индустрија во РМ?

Објавено во: Колумни 24 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

    Земјоделството е многу важна стопански сектор за вкупната економија на земјата. Денес земјоделството не завршува со примарните  производи, туку со преработени примарни производи како индустриски, во кои е вградена додадена вредност и кои на пазарот остваруваат далеку повисока цена. Во фазите на преработка пак постојат осетни разлики кај нивото  до кое е финализиран производот. Колку е финализацијата повисока толку  е зголемена додадената вредност. За жал кај Македонската прехрамбена индустрија доминира најосновен степен на финализација замрзнувањето, стерилизацијата сл., наместо преработка во готови производи за консумација – готови јадења, конзерви и сл.(таб.1).

  Нашата цел на овој натпис е да го анализира движењето на обемот на преработки во последните три години (2015-2017). Притоа ни падна во очи тој низок степен на финализирање по тоа ограничен број на преработка и стагнација на обемот на преработка.  Претпоставуваме дека сттатистички не се опфатени сите преработки во Македонија. (Нашите информации се базираат на податоците од статистичките годишници на РМ). Ако се споредат податоците за примарното  производство, како и откупеното примарно производство со преработка ќе се види дека релативно мал обем на примарно земјоделски производи добиваат финална преработена фаза. Пример:  во 2017 година се произведени 359 илјади тони домати и пиперки, а како индустриски производ се замрзната и конзрвирана  само 24,7  илјади тони зеленчук. Во однос на месото состојбата во 2017 година покажува дека сме произвеле на добиточни форми 22,9 илјади тони месо од сите видови, а сме произвеле преработено (солено, сушено и сл, но наголем обем во колбаси) 27,1 илјади тони, па моше да се каже дека сме увезле 7,2 илјади тони месо за преработка. Нашата слабост со дефицит на месо за домашната потрошувачка е долготрајна, а не се преземаат чекори за надиминување на проблемите. Податоците на тригодишното движење на обемот на добиените преработени примарни земјоделски производи  покажуваат дека таквите опаѓања или стагнирање на тоа произодство отколку зголемување (споредба 2015 и 2017 год.). Кај месото воглавно количините се помали во 2017 година.

  Соковите од овошје и зеленчук се поголеми во 2017 год.  за близу 4%, замрзнатиот зеленчук за 9,10% , меѓутоа зеленчук во конзерви во 2017 година достигнал едвај 62,0% во споредба со 2015 година. Општо земено преработките од овошје и зеленчук имаат минимален пораст, но степенот на фискализација е незадоволително низок.

  Рафинирано масло ( од сончогледово семе и шафран) произведено во домашните рафинерии од 41,5 илјади тони во 2015 година, опаднато во 2016 на 38,3 илјади тони, додека во 2017 е на намалено на 26,1 илјади тони што претставува само 58,6% од производството во 2015 година.

  Намаленото производство на тврдите млечни праработки за 6,7% додека течните преработки се зголемени во 2017 година за 9,8%.

  Преработките од пченица (брашно, трици, леб)  збирно покажуваат  намалено производство во 2017 година (во однос на 2015 год) за 2,5%.

  Нешто е намалено производство на колачи и чоколадо. Зголемено е производство на пржено кафе за 79 тони. Осетно е намалено производство на сосови и разни прехрамбени производи. Производство на готова добиточна храна е зголемена во 2017 година за над три илјади тони.

  Производство на вино е важно  како за преработувачката индустрија, за лозарството но и за националната економија. За жал овие наши статистички информации покажуваат нестабилност и опаѓање по 2015 година за 43 илјади хектолитри во 2016 година и за 439 илјади хектолиотри во 2017 година. Во винопроизводството  е  важен односот на произведено вино на точење и вино во шишиња (поради големи разлики на пазарните цени). Во тој однос има релативно позитивен тренд  . Односот  во 2015 година бил 26,3 % во шишиња, во 2016 година односот е 28,9%, вино во шишиња, а во 2017 година 38,19% вино во шишиња.


  Пивото било со зголемено производство во 2017 година за 7,3% во однос на 2015 година.

  Производство на минерални и газирани води во Македонија има релативно добра традиција на високи количини со нешто зголемено производство во 2017 година за 40 илјади хектолитри во споредба со 2015 година.

  Освежителни безалкохолни пијалоци достигнале во  Македонија високо ниво од близу 1500 илјади хектолитри, но во 2017 година се нешто со помало производство во однос на 2015 година.

  Производство  на  цигари  е зголемено во 2017 год, за 2,0%, обемот на производството е далеку под можностите на капацитетите во Македонија за цигарната  индустрија.

  Позитивни движења има производство на тутун па од 20,6 илјади тони во 2015 година, истото е зголемено во 2017 година на над 22 илјади тони.

  Дека нашите преработка и финализација на примарните земјоделски производи е ниска, покажува вредност на извозните цени, бидејќи просечните цени на извезената храна од Македонија (просек 5 години) има вредност по 1 тон од  815 илјада долари, додека увезената храна за истиот период изнесува 1164 уса долари по тон.



Проф. Б. Анакиев,

Проф.Ромина Кабранова

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД