18 Мај, 2024
0.0273

Колку е реален оптимизмот на инвеститорите во „Македонијатурист“?

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во моментите кога „Македонијатурист“ оствари резултат (нето добивка) што е речиси идентична како и лани и кога процентуалниот раст на расходите беше поголем од тој на приходите, а финансиските приходи клапнаа во однос на лани пазарната цена на акцијата доживеа вознесување и достигна нов годишен рекорд. Дали инвеститорите прегреваат заради оптимизмот од слатките или мокри сништа за влез во НАТО и ЕУ? Ако дивидендата биде како што беше и лани кој ќе ја крепи пазарната цена на таа акција на нивоа над 5.000 денари? Да не заборавиме: според суровата, но реална западна пазарна логика стекот вреди зависно од тоа колку пари носи...

Најголемата скопска хотелиерска компанија за првите девет месеци годинава има оперативна добивка од 1 милион евра и таа е за 12 отсто поголема од оствареното во истиот период лани. Нето добивката за периодот од почеток на годинава до крај на септември е 1,35 милиони евра и е речиси иста како оствареното во истиот период лани. Приходите од продажба за првите девет месеци се безмалку 4 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 6 отсто. Истовремено со тоа оперативните расходи надминаа 3 милиони евра и бележа раст од 7 отсто.

Приходите од камати и дивиденди паднаа за 24 отсто
Значајно намалување годинава е евидентно кај финансиските приходи кои во последниве неколку години беа главниот адут на „Македонијатурист“. Компанијата во овој период имале солидни приходи од своите финансиски средства кои ги чуваше во депозити во банка, обврзници и во акции. Годинава за првите девет месеци финансиските приходи донесоа помалку од половина милион евра на „Македонијатурист“. За истиот период лани тие донесоа 130.000 евра повеќе. Ова е навистина потфрлање во споредба со лани што можеби значело дека лани било и премногу добро.

Кој и зошто ја држи пазарната цена над 5.000 денари?

Факт е дека имотот на „Македонијатурист“ е на одлични позиции во градот. Факт е дека има два хотели кои не работат во срцето на главниот град, а факт е и дека во центарот се намножија хотлеи. Дали прави пари колку што има потенцијал и капацитет ќе оставиме да кажат постручни лица. Факт е дека компанијата е трезор затоа што има многу кеш, ликвидна е , а вложува и многу во депозити, а во поново време и во акции. Тоа е предизвик за инвеститорите. Факт е и тоа дека приватно поседувани институционални инвеститори се внатре и вложиле, но факт е дека поголемиот меѓу нив и јавно покажува незадоволство од работењето и од дивидендните приноси. „Хант во најава“ и хит меѓу акционерите е синтагмата дека влезот во НАТО ќе не отвори „три до четири прста“ и дека цените на пазарот на капитал ќе вивнат. 
Но не смее да се заборави дека основното начело на капитализмот е дека стекот вреди онолку колку што носи профит. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра