19 Јануари, 2025
0.0330

Колку ЕВН Македонија е подготвена за зимата?

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија е подготвена за зимата и за справувањето со предизвиците и сигурното и навремено снабдување на своите корисници, кое е главната цел, велат од компанијата. „Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции. Во првата половина на оваа година направена е инспекција на 21.000 километри дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.730 трафостаници во земјава“, се вели во информацијата од ЕВН Македонија. ЕВН Македонија досега интервенираше на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 106 км среднонапонска и на 104 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.900 делумно оштетени столбови. Коригирано е заземјување на 260 столб од среднонапонската мрежа и на 30 ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се сите други интервенциина утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа и на ТС 10(20)/0,4 кВ. Во првата половина од оваа година е изградена нова надземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во должина од 58км и 70 км нова подземна кабловска мрежа на ниско и срфедно напонско ниво. За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и набавени се нови 44 возила за движење во тешко пристапни места. Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава со што на располагање е ставена целата механизација. Околу 300 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции, а уште 400 може дополнително да се ангажираат. Во случај на големо невреме и опасност по мрежата според договорите со надворешни компании може да се вклучат дополнителен број на електромонтери. Сите активности на ЕВН се насочени кон успешно справување со предизвиците на зимата. Останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетричната енергија.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ