03 Мај, 2024
0.0299

Колку годишно ќе дава државата за поевтино да летаме?

Објавено во: Економија 03 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Според новата владина програма дополнителното субвенционирање за уште поевтини нискобуџетни летови ќе ја чини државата 104 милиони денари годишно.

Министерството за транспорт и врски во петокот по трет пат го објави огласот за финансиска поддршка за нискобуџетен авиопревозник, по неуспешните два обида на „Виз-ер“ како единствен конкурент.

И според ноемвриската владина уредба и според програмата од истиот период, како и огласот на министерството за транспорт и врски, финансирањето треба да започне од март 2019-та и да заврши во март 2022, а се работи за вкупна сума од 312.420.000.00 денари, односно 5 милиони евра.

Првата година на авиопревозникот ќе му се исплатат 86 милиони денари, во 2020 и 2021 по 104 милиони денари, бидејќи се работи за календарски целосен период и 17 милиони денари за остатокот од 2022. И претходната владина програма за периодот од 2015 до 2018 година ја имаше истата сума, што значи дека новото раководство за истите пари поставува повеќе услови, односно бара повеќе ангажираност од авиокомпанијата што ќе се избере, ако се знае дека овој пат во игра се критериуми за охридскиот „Св.Апостол Павле“.

Според ноемвриската уредба што ја донесе Владата, најдоцна до 26 Март 2019 година авиопревозникот треба да воспостави или да одржи база од најмалку еден авион на еден од аеродромите во Македонија и да започне со оперирање на најмалку две нови дестинации од „Меѓународен аеродром Скопје“ и најмалку четири нови дестинации од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид. Со тоа што за охридскиот аеродром првите две нови дестинации треба да се познати до 26 Март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на договорот.

Понудените нови дестинации не смеат да се совпаѓаат во Скопје и Охрид и секоја нова дестинацијада биде постојано опслужувана најмалку два пати неделно. Секоја нова дестинација воведена да не е опслужувана со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони од или до Скопје и Охрид.

Корисникот на финансиска поддршка треба да изработи план за промоција и маркетинг, а истиот да може да се менува на укажување на давателот на финансиската поддршка.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски