Колку исчезнати има на Балканот?
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2014 13:20
Околу 12.000 лица од југозападен Балкан и натаму се водат како исчезнати, соопшти претседателот на Меѓунарондиот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер.
Обраќајќи се пред Генералниот совет на ОБСЕ во Виена, Маурер ја нагласил успешната соработка на двете организации во кризни подрачја, како што се Косово, Босна и Херцеговина, Јужна Осетија и Нагорно Карабак.
Според него, вооружените конфликти во последните години и постојаното игнорирање на меѓународните закони како никогаш до сега ја условуваат неопходноста од постоењето на Црвенот крст на неопределен период.
- Хуманитарните закони треба да се модернизираат за да се усогласат со потребите на времето. Неоходно е еднаш засекогаш да се стави јасна линија меѓу завојуваните страни и цивилите во еден вооружен конфликт, изјавил првиот човек ма Црвениот крст, кој постои веќе 150 години.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




