Колку калории има вашиот омилен пијалок?
Објавено во: Стил 24 Ноември, 2014 20:16
Новите истражувања покажуваат дека повеќето од нас не ни помислуваат колку калорични можат да бидат пијалоците.
Истражувањето е направено на 2000 возрасни во Велика Британија покажало дека 3/4 од нив не знаеле или погрешно претпоставувале колку калории има во една чаша вино.
Дали навистина би ја испиле и следната чаша кога би знаеле колку калории таа содржи?
Девет од десет не знаеле колку калории содржи кригла пиво.
Поради тоа што пијалоците не се декларирани како храна, на нивното пакување не мора да стои количината на калории.
Еве што треба да знаете:
Кригла пиво - 180 калории - Мало парче чоколадна торта
Чаша бело вино (250 мл) - 185 калории - Четири рибени стапчиња
Пина колада со рум - 644 калории - Голем бургер во Мекдоналдс
Алкопоп (Благ алкохолен пијалок на база на сок ) - 237 калории - Парче пица
Вотка и тоник- 143 калории - Чоколадна крофна
Во просек возрасните кои конзумираат алкохол, внесуваат 10 одсто калории дневно преку алкохол.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





