19 Мај, 2024
0.0438

Развојна компонента бадијала

Колку капитални инвестиции се планирале, а колку се рeализирале изминатите години?

Објавено во: Економија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во буџетот за 2017 година е предвидена рекордна сума за капитални инвестиции во износ од 438 милиони евра. Нешто помалку би се потрошило за плати (435 милиони), а речиси 319 милиони евра се за стоки и услуги.

„Капиталните инвестиции се планирани на рекорден износ од 26,95 милијарди денари. Тие имаат приоритетно значење во креирањето на фискалната политика, подобрувањето на економските перформанси и на квалитетот на животот на граѓаните“ – вели Миноски.

Сепак, анализата на податоците од буџетите покажува дека  ниту една година, капиталните инвестиции не се реализирани во износот во кој се планирани.

Минатата година, со ребалансот на буџетот била планирана сума од 361 милиони евра за капитални инвестиции, но биле реализирани 303 милиони евра.

Слична е состојбата и во 2014 година кога со ребалансот биле планирани 343 милиони евра, а на крајот на годината е реализиран износ од 286,5 милиони евра капитални инвестиции.

Претходно во 2013 година со ребалансот се предвидени 327,7 милиони евра а реализирани биле 270 милиони евра.

Потфрлање во реализацијата на капиталните инвестиции има и во 2012 година, кога со ребалансот биле планирани 348,5 милиони евра, а реализирани биле 305 милиони евра.

Во 2011 година со ребалансот биле планирани 341,3 милиони евра, а реализирани биле 288 милиони евра.  Додека пак во 2010 година со ребалансот биле планирани 288 мииони евра, а се реализрале 249 милиони евра.

Во 2009 година со буџетот биле планирани 476 милиони евра кои потоа со првиот ребаланс се скусени на 386,2 милиони евра, со вториот ребаланс се скусени на 313 милиони евра, а на крајот на годината реализирани се 218,3 милиони евра.  

Во 2008 година со буџетот биле планирани 348,5 милиони евра, потоа со ребалансот се зголемени на 438,4 милиони евра, а со следниот ребаланс има кратење на 418 милиони евра, а на крајот на годината биле реализирани 326,2 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?