03 Мај, 2024
0.0265

Колку ќе чини репо-трансакцијата со која НБМ зајми до 400 милиони евра?

Објавено во: Економија 27 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Новонастанатата корона ситуацијата ни донесе преседан во финансиите наречен репо – трансакција. Народната банка превентивно превзеде мерки и обезбеди девизна ликвидност за „Не дај Боже“ и ова од тој аспект е пример за тоа како во ваква ситуација треба да се антиципира можна идна состојба и да се превземат превентивни мерки. Без лажна скромност многу државни инстанци треба да се угледаат на превенирањето што го прави Народната банка. Но која е цената за таа репо трансакција ? Фактор за вас, почитувани читатели, постави прашања. Без да коментираме подолу ги имате нашите прашања и одговорот на централната банка

Народната банка обезбеди до 400 милиони евра ликвидни средства од Европската централна банка и тие ќе ги стави на располагање на домашните деловни банки ако за тоа се појави потреба. Потегот на раководството на Народната банка е за поздравување од аспект на нивната ажурност како државен највисок орган во сферата на финансиите кои пак се од особено витално значење за непрекинато функционирање на нашата економија од која пак зависи целото наше општествено битисување. Прв пат имаме корона ситуација и таа ни донесе преседан – наречен репо трансакција. Како и секогаш, во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста „Фактор“ постави прашања за ваков историски преседан во нашата 30 годишна монетарна независност. Одговорот без да коментираме го објавуваме во целост

Прашања на „Фактор“

Почитувани, во врска со вчерашната информација за новиот деловен однос на НБМ со ЕЦБ преку репо трансакција, а со цел објективно и целосно информирање на домашната јавност ве молиме за одговори на следниве прашања:

- Кои хартии од вредност ги дава НБМ за претстојната репо зделка во ЕЦБ? (Какви хартии од вредност од кој издавач, колкава количина и по која цена се купени)? 

-Колкав е приносот од тие хартии од вредност во периодот додека ќе бидат дадени како обезбедување за репо-зделката и кој ќе го добива приносот (НБМ или ЕЦБ)?

-По која вредност (ако има дисконт) ЕЦБ ги добива хартиите од вредност кои се предмет на обезбедување за оваа репо зделка?

-Дали е ова најповолната понуда на меѓународниот пазар на пари за НБМ во оваа ситуација?

-Колкави се вкупните трошоците за НБМ за оваа трансакција т.е. зделка ? 

-За какви намени ќе бидат користени (доколку бидат користени) тие 400 милиони евра кои се предмет на задолжување (ве молиме детален опис и износи на средства за одредена намена)?

-Од каде ќе обезбеди средства НБМ за откуп на хартиите од вредност по оваа репо зделка и колкав е нивниот износ?

Одговор на Народна банка (интегрално):

Имајќи предвид дека во ек е пандемија којашто во глобални рамки значајно ја зголемува неизвесноста и делува врз економските остварувања, a не е исклучена можноста и за повторно затегнување на финансиските услови, односно зголемување на трошоците за финансирање или намалување на ликвидноста, носителите на политиките мора да располагаат со инструменти за реакција, во случај на материјализација на поголеми ризици. Во таа смисла, поддршката којашто ЕЦБ ни ја даде преку нејзиниот позитивен одговор на нашето барање е многу значајна, особено затоа што можноста за користење на репо-линијата во основа значи брз пристап до девизна ликвидност во евра, доколку тоа ни е потребно, креирајќи простор за навремено и ефикасно дејствување на Народната банка.

И покрај високото и адекватно ниво на денарска и девизна ликвидност на банкарскиот систем и растот на девизните резерви во изминатиот период, расположливоста на репо-линијата на ЕЦБ создава дополнителна флексибилност за Народната банка и соодветно, овозможува зајакнување на веќе солидниот капацитет преку девизните резерви за соодветна реакција на домашните финансиски пазари. Воедно, репо-линијата од ЕЦБ е значајна поддршка и на стабилноста на денарот, за што сведочи фактот што како централна банка, независно од условите на меѓународните финансиски пазари имаме гарантиран брз пристап до дополнителна ликвидност во евра, директно од ЕЦБ. Напоменуваме дека е дополнителна поддршка, бидејќи нивото на девизни резерви тековно, како и во изминатиот период, е високо и според сите показатели за адекватност, резервите се во комфорна зона.

Во однос на начинот на користење на репо-линијата, вкупниот износ на девизна ликвидност којшто Народната банка може да го обезбеди од ЕЦБ изнесува 400 милиони евра. Користењето на средствата може да биде постепено, сѐ до постигнување на овој максимален износ за периодот до средината на следната година или додека е потребно. Со можноста за повлекување на средства од репо-линијата е овозможено Народната банка да обезбеди девизна ликвидност во евра на привремена основа, со рочност до 3 месеци, врз основа на пласирање на хартии од вредност кај ЕЦБ. Притоа, дозволено обезбедување за овој инструмент на ЕЦБ се хартии од вредност, издадени во евра од држави и централни банки од еврозоната со инвестициски кредитен рејтинг (најмалку БББ-), како и хартии од вредност издадени во евра од меѓународни институции, регионални и локални власти и агенции со државна гаранција и поддршка коишто поседуваат кредитен рејтинг најмалку А-. Приносите на овие хартии од вредност се пазарно детерминирани и генерално зависат од остварувањата на економиите на земјите односно издавачите, но и од обемните програми на ЕЦБ за нивен откуп и креирање ликвидни средства заради поддршка на економијата во евро-зоната. Во случај на користење на репо-линијата, вреднувањето на хартиите од вредност би било целосно детерминирано од случувањата на глобалните финансиски пазари.

Обемот на хартии од вредност којшто ќе се користи како обезбедување на повлечените средства од репо-линијата првенствено ќе зависи од тоа дали репо-линијата ќе се користи целосно до максималниот износ или во помал износ, согласно пазарните потреби. Дополнително, за определување на обезбедувањето во хартии од вредност, на користениот износ од репо-линијата ќе се применуваат проценти на дополнително покритие, коишто се дефинирани со регулативата на ЕЦБ, и чијашто висина зависи од рочноста, кредитниот рејтинг и типот на издавач на одделните хартии од вредност.

Со оглед дека примената на оваа репо-линија од страна на ЕЦБ има за цел да одговори на евентуалните потреби за девизна ликвидност во евра на централните банки надвор од евро-зоната како резултат на евентуални пазарни нефункционалности предизвикани од интензивирањето или од нов шок од пандемијата од ковид-19, користењето на репо-линијата овозможува Народната банка да обезбеди девизна ликвидност во евра на привремена основа без притоа да има потреба да ги продава расположливите висококвалитетни хартии од вредност со коишто располага и коишто носат определени приноси. Оттука, цената на репо-линијата (којашто согласно тековните пазарни околности се очекува да изнесува околу 0%) е димензионирана на начин што го прави инструментот да биде поатрактивен споредено со евентуалните понеповолни услови на глобалните финансиски пазари, коишто би можеле да се случат поради идно интензивирање на пандемијата.

Корисници на средствата коишто Народната банка ќе ги користи од ЕЦБ врз основа на репо-линијата можат бидат само домашните деловни банки, доколку имаат потреба од привремена девизна ликвидност како резултат на евентуални неповолни ефекти од натамошното ширење на пандемијата на ковид-19. Оттука, користењето на репо-линијата дополнително ја гарантира стабилноста и ликвидноста на банкарскиот систем. Тимот на Народната банка активно ги разработува деталите околу пазарните услови и начинот на коишто овие средства ќе бидат понудени на домашните деловни банки, и веднаш по нивното финализирање, тие ќе бидат објавени до јавноста и банките.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување