Колку милиони евра и требаат на „Македонијапат“ да ги пополни дупките на патиштата?
Објавено во: Економија 19 Септември, 2018
„Македонијапат“ во овие четири години набави битумен 50/70 наменет за асфалтирање патишта од една фирма за 17,3 милиони евра. Фирмата „КИ ЕМ ДООЕЛ“ од 2015 година до сега доби 5 тендери и бизнис од 17,3 милиони евра од Гајур Кадриу, човекот што во овој период е генерален директор на „Македонијапат“
Државната компанија што ги одржува автопатите и магистралите плати 5,46 милиони евра за битумен од типот 50/70 со кој треба да се крпат дупките на нашите автопатишта и магистрали, ова се официјални јавни податоци достапни на веб страницата на Бирото за јавни набавки достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/10621073-66fa-4ac0-bb0f-ced3333ef874
Чиј редовен муштерија е „Македонијапат“
Скопската компанија „КИ ЕМ ДООЕЛ“ е добитник на овој тендер, а договорот е склучен на 20 август. Од достапната јавната база на податоци на агрегаторот time.mk се гледа дека оваа компанија добива 5 тендери по ред во период од 2015 година до сега добила пет тендери во вкупна вредност од 17,3 милиони евра.
Најголем и највреден договор е последниот во кој „Македонијапат“ ќе набави битумен за 5,46 милиони евра. Во 2017 година истата фирма доби 3,07 милиони евра, а во 2016 година имало два тендери во помалку од 5 месеци во вкупна вредност од 5,7 милиони евра. Првиот договор е склучен во мај 2015 година е 3,07 милиони евра.
Колку „Македонијапат“ ќе плати за бележење на патиштата може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/kolku-koshta-belata-linija-na-gajur-kadriu
Што работи „Македонијапат“
Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта "Македонијапат" има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои позначајни се: редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта, проектирање на помали објекти на патиштата, асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки, проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација, заштита на патишта, автоматско и рачно броење на сообраќајот, катастар на патишта и мостови, информативна служба за состојбата на патиштата и друго. Јавното претпријатие одржува повеќе од 4.400 километри патишта ширум Македонија. Според тоа што го пишува на веб страницата на „Македонијапат“ претпријатието одржува 294 километри автопат и уште над 1.100 километри регионални и магистрални патишта. Фирмата е организирана во пет подружници: Автопат, Скопје, Велес, Битола и Штип. Најмногу километри одржува подружницата „Битола“ – 1.300 и тоа на делниците: Плетвар, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид и Струга. Подружница Скопје ги одржува делниците: Дебар, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово и Крива Паланка во должина од 1.149 километри. Подружница Штип одржува 1.011 километри и тоа на делниците: Кратово, Штип и Струмица. Подружница Велес одржува 662 километри на делницата Велес – Гевгелија.
Р. Ф.