19 Мај, 2024
0.0258

Колку пари направија лани „Макпетрол“ и „Лукоил“?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Големи обрти за мали профити. Генерално тоа е описот во една реченица за продажбата на мало со нафтени деривати. „Макпетрол“ има три пати поголем приход од „Лукоил“ и два и пол пати поголем профит, во апсолутни бројки. „Лукоил“ има подобра продуктивност затоа што има подобар сооднос добивка/вкупен приход

Двете најголеми компании за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“ и „Лукоил“ лани имале вкупни приходи од речиси 400 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на двете компании. Најголем дел од ове пари се направени од продажба на мало на нафтени деривати на околу 200 бензински пумпи ширум земјава. Две третини од вкупниот приход го направил „Макпетрол“ (неконсолидиран финансиски извештај) односно 301,2 милиони евра, а „Лукоил“ има приход од 96,2 милиони евра. 

Од достапните податоци се гледа дека растеле приходите, но и расходите и кај двете компании, но „Макпетрол“ лани работел поангажирано на одржување и на зголемување на своето пазарно учество, но книжи пад на добивката. „Лукоил“ пак иако има пад на добивката во однос на 2016 година има подобар коефициент добивка наспроти вкупни приходи. „Макпетрол“ има 127 бензински станици, а „Лукоил“ оперира на 29 станици. Доколку се прави просек на приход по бензинска станица „Макпетрол“ лани имал околу 2,4 милиони евра, а „Лукоил“ 3,3 милиони евра.

Трошоците на „Лукоил“ растеле повеќе од неговите приходи

„Лукоил“ лани на своите 29 бензински пумпи направил приход од 96,2 милиони евра и тоа е за 7 милиони евра односно 7,7 отсто повеќе од 2016 година. Наспроти тоа за поголем износ пораснале неговите расходи. Имено тие лани биле 93,83 милиони евра и пораснале за 8,7 отсто односно за 7,5 милиони евра. Добивката на „Лукоил“ паднала за околу 550.000 евра односно за 20 отсто во однос на 2016 година. Лани таа изнесувала 2,09 милиони евра. Важно е да се истакне дека и покрај тоа „Лукоил“ има подобар сооднос на добивка во однос на вкупни приходи од „Макпетрол“ и профитот изнесува 2 отсто од вкупните приходи. Кај „Макпетрол“ профитот е 1,7 отсто од вкупниот приход.  Обврските на „Лукоил“ лани пораснале за 1,64 милиони евра до ниво од 8,47 милиони евра.

„Макпетрол“ со зголемени приходи и намалена добивка

Најголемата домашна компанија за трговија на мало со нафтени деривати на своите 127 станици има добивка од 5 милиони евра која е 1,6 отсто од вкупниот приход што изнесува 301,2 милиони евра. Добивката лани во споредба со 2016 година паднала за 1,22 милиони евра. Неговите приходи пораснале за 37,2 милиони евра, а расходите за 38,2 милиони евра. Обврските на „Макпетрол“ лани пораснале  4 милиони евра и изнесувале 63,5 милиони евра на крајот на минатата година. 

Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа