Колку пари носи најпосакуваната тераса на охридската ривиера?
Објавено во: Економија 13 Септември, 2018
Убедливо најпозната тераса во Охрид ја има токму хотелот Инекс Горица – а причина зошто е најпозната е спектакуларниот поглед кој го нуди кон езерските широчини.
Ако се погледнат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија објавен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност станува јасно дека најпознатиот охридски хотел минатата година ја завршил со загуба од 67.400 евра, додека претходната изработил со добивка од 1.100 евра.
Приходите кои лани ги прокнижил хотелот со најпрепознатлива тераса и спектакуларен поглед се околу 642.000 евра од кои 297.000 евра се приходи од ноќевања, а уште 275.000 евра се приходи од храна што хотелскиот персонал ја подготвил и ја послужил на своите гости.