03 Мај, 2024
0.0998

Колку пари се слеале во државната каса во февруари?

Објавено во: Економија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Mинатиот месец во државната каса имало повисоки приходи како резултат на  повисоките даночни приходи и повисока наплата на придонеси. 

Буџетскиот дефицит за првите два месеци е 0,5 отсто од БДП.

Согласно фискалната табела која денеска ја објави Министерството за финансии, во февруари наплатени се буџетски приходи во износ од 14,1 милијарди денари, што претставува раст од 5,6 отсто во однос на февруaри 2017 година. 

Во првите два месеци од 2018 година наплатени се вкупно 27,4 милијарди денари или за 5,8 отсто повеќе во однос на тој период лани.

Кај даночните приходи во февруари се бележи раст од 6,2 проценти во однос на февруари 2017 година. Наплатата на персонален данок на доход во февруари е повисока за 8,4 отсто, а на ДДВ за 6,2 проценти. Кај наплатата на придонесите забележан е раст од  од 6,1 проценти.

Кумулативно, во првите два месеци од годинава даночните приходи се повисоки за 6,9 отсто во однос на тој период во 2017 година. Тоа се должи на повисоките приходи од персонален данок на доход за 4,6 отсто, повисоките бруто-приливи од ДДВ за 10 отсто, а раст од 5,6 отсто се забележува и кај наплатата на придонесите.

Капиталните расходи во првите два месеца се реализирани на ниво од 4,3 отсто од Буџетот за 2018 година. Од Министерството за финансии велат дека ваквата реализација е вообичаена за овој период на годината, и се должи на тоа што повеќето од проектите се во почетна фаза и се очекува во текот на годината реализацијата значително да се подобри.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски