18 Декември, 2025
0.0503

Колку пари стигнаа како помош за Србија досега?

Објавено во: Балкан 23 Мај, 2014 11:30

Добивај вести на Viber

Вкупно 967.642.760 динари (нешто повеќе од осум милиони евра) биле уплатени на динарската сметка на Србија за санација на штетите од катастрофалните поплави до 18 часот вчера, објави српското Министерство за финансии. На девизната сметка, пак, се уплатени уште 872.785 евра, 184.725 американски долари, 13.835 швајцарски франци, околу еден милион руски рубљи и помали износи во други валути. Ова е само „капка во морето“, затоа што деталната проценка ќе се прави допрва, но само директните штети од поплавите се проценуваат на стотици милиони евра. Српското Министерство за финансии доби обврска секој ден да ја објавува состојбата на сметките за помош и санација на последиците од поплавите на својата интернет страница, како и детален приказ каде одат парите за да се спречи секоја можност за злоупотреба. Парите што македонските граѓани ги донираа во хуманитарната акција за жртвите на катастрофалните поплави на Балканот ќе бидат префрлени на оваа сметка на 31 мај.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии